По повод идејата на лидерот на опозицијата Зоран Заев за воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија, во телефонски разговор за ТВ НОВА се огласи професорот Емин Ѓулен.Тој истакна дека лидерот на опозицијата ќе мора да објасни како ја замислува оваа идеја, но и додаде дека веќе се разбираме меѓусебно, па тезата на Заев дека „идејата за двојазичност е со цел подобро да се разбереме“, не држи вода.
„Ќе значи ли тоа дека сите ќе треба да го учат албанскиот јазик? Ќе значи ли тоа дека на секое работно место ќе мора да има некој што ќе го знае албанскиот јазик бидејќи ако се воведе двојазичност на целата територија на Република Македонија сосема легитимно и уставно право би било во било која установа да обрати било кој припадник на албанската заедница и да добие одговор на албански јазик. Двојазичноста е идеја за која никој отворено не разговарал, бидејќи двојазичноста води кон нешто друго. Би било фер лидерот на СДСМ да каже како ја замислува целата приказна. Не држи вода кога ќе рече дека идејата е за да се разбереме, па ние се разбираме“, истакна Ѓулен.
Тој истакна дека лидерот на опозицијата ќе мора да објасни како ја замислува оваа идеја, но и додаде дека веќе се разбираме меѓусебно, па тез