Таа во пресрет на супер финалето тврди дека нејзиниот кандидат има комплетен „X фактор“ и цврсто верува дека тој ќе победи во недела.Емина Јаховиќ Сандал пред супер финалето на најпопуларното пеачко шоу во регионот “Х фактор” навива да победи нејзиниот кандидат Лукијан Ивановиќ. Во интервјуата кои ја преплавија во изминатиов период, таа признава дека се уште стои зад своите постапки, со кои и „пресуди“ на Илма Карахмет да го напушти натпреварувањето, додека за Кристина Ковач вели дека е ОК девојка, иако со неа не е на иста бранова должина.
– Се надевам дека Арената ќе биде полна и сите ќе уживаме во шоуто со нашите феноменални супер финалисти! Мојот фаворит за победа е Лукијан, бидејќи верувам во своите момчиња од самиот почеток. Тој е оној комплетен „Х фактор“ кој го бараме, а се надевам дека тоа публиката на супер финалето ќе го препознае.
Многумина тој „Х фактор“ го гледаат во Даниел Кајмаковски!
– Како што реков, јас цврсто верувам во Лукијан и неговиот триумф во првиот регионален „Х фактор“.
Те гризе ли совеста што на некој начин и „пресуди“ Илма Карахмет?
– За жал, јас бев таа која мораше да гласа последна, а да не беше така, се би било полесно. Што се однесува до мојата одлука за Илма, бев повеќе од јасна, но бидејќи луѓето обично го протолкуваат секој на свој начин – обично и ги комплицираат работите. Јас во ниеден момент не го потценив неприкосновениот талент на Илма и ангелскиот глас.
На секоја проба ја гледав со восхит и ја слушав со задоволство, но има нешто што ние, кои се занимаваме со овој бизнис знаеме, а натпреварувачите и публиката не го знае … И затоа сме тука. И понатаму стојам зад одлуката дека Илма е премногу млада, да не речам уште е само дете и дека оваа работа бара емоционална зрелост за да може да се справи со се што оваа работа носи.
Дали те допираат нејзините клетви?
– Мислам дека таа реакција на Илма само потврда на она што го наведов и само го зајакна уверувањето дека донесов правилна одлука. Кога ќе созрее и ќе знае што сака, ќе знае да го филтрира и контролира својот бес, да го поднесе поразот стоечки, бидејќи животот ќе ја научи дека понекогаш и малиот пораз знае да биде најдобра лекција и спас од полош. Не учи да бидеме трпеливи и посилни, бидејќи овој бизнис е маратон, а не трка на 100 метри. Емина Јаховиќ Сандал пред супер финалето на најпопуларното пеачко шоу во регионот “Х фактор” навива да победи нејзиниот кандидат Лукијан Ивановиќ.