Пејачката Емина Јаховиќ трпела големи болки поради кои била приморана итно да се ослободи од екстензиите со кои ја разубавела својата коса. Јаховиќ пред неколку дена добила бројни комплименти на сметка на својата долга коса, но сепак одлучила да се ослободи од доградбата, бидејќи поради силните болки со денови не можела да спие.Таа на Инстаграм објавила фотографија и на фановите им објаснила зошто повеќе не носи екстензии.
„Втор пат во живот ставив трајна екстензија и во потполност се сложувам дека изгледаат прекрасно… Но, за ваква коса потребна е огромна нега и многу непреспиени ноќи поради кератинот кој пеколно боли. Одлучив веднаш да го повикам фризерот и да ги отстранам екстензиите веднаш. Размислете пред да се одлучите на ваков чекор“, напишала Емина покрај фотографијата која ја објавила на Инстаграм.
Таа на Инстаграм објавила фотографија и на фановите им објаснила зошто повеќе не носи екстензии.