Емоции, динамики и врвна технологија – Новиот Audi TT

-Audi TT и Audi TTS ја имаа својата светска премиера на автомобилскиот саем во Женева · Компактен спортски автомобил кој импресионира со својот дизајн и возна динамика – Членот на управниот одбор за технички развој, д-р Улрих Хакенберг изјави: ” TT им нуди на возачите технолошко искуство на еден многу попривлечен начин”Сосема новото издание на модерната класика е во центарот на вниманието: Audi TT и Audi TTS ја имаа својата светска премиера на автомобилскиот саем во Женева (овие возила во моментов не се достапни за продажба. тие уште немаат општ тип одобрување и не се опфатени со директивата 1999/94/ЕО). Третата генерација на компактниот спортски автомобил повторно одушевува со својот емоционален дизајн и со динамичните квалитети. Новото купе го карактеризираат: употребата на иновативните технологии на моторот, контролата и начинот на прикажување, вклучувајќи ја и Audi виртуелната кабина.
 „Audi ТТ е олицетворение на иконата со автентичен дизајн и врвни перформанси”, изјави   д-р Улрих Хакенберг, член на управниот одбор на AUDI AG за технички развој. – и додаде „Со новата генерација, ние ја направивме технологијата уште полесна за возачите, а тоа е она што тие го очекуваат од еден вистински спортски автомобил.”
Надворешен дизајн
Кога првата генерација Audi TT се појави на пазарот во 1998 година тоа беше револуција во дизајнот – неговата геометриска строгост, доследниот дизајнерски јазик создадоа икона со многу харизма. Кај третата генерација ТТ, дизајнерите на Audi се вратија кон овие идеи и истите ги поставија во еден нов контекст, динамичен исто толку колку  што е единствен.
 Во предниот дел на новото ТТ доминираат хоризонтални линии. Единечната решетка е многу поширока за разлика од онаа на претходниот модел, со моќна линија која ја подели на два дела. Логото со четирите прстени е поставено на поклопецот на моторот исто како и кај  Audi R8 – спортскиот автомобил со високи перформанси.
 Предните светла му даваат на новиот TТ ново лице. Ксенон плус светлата се стандард, а кај Audi ТТ како опција можат да се вградат LED светла или оние со најновата технологија Audi Matrix LED, каде што долгите светла се генерираат од индивидуални LED диоди. Matrix LED светлата се составени од 12 LED диоди, а вклучуваат и други Audi иновации како на пример динамичните трепкачи кои секвенцијално ја осветлуваат насоката на движење.
 Од страна, новиот Audi TT е подеднакво жилав и мускулест, толку е блиску до патот што одава впечаток дека е подготвен да рипне во секој момент. Со 4,18 метри, има  речиси иста должина како и неговиот претходник , иако меѓуоскиното растојание е поголемо за 37 мм и сега изнесува 2505 мм, со тоа намалени се деловите пред и зад тркалата. Купето е 1832 мм широко, а ја има истата висина како и претходниот модел од 1353 мм.
 При брзини од 120 km/h  се отвора спојлерот кој ја подобрува аеродинамиката и ја зголемува силата која го држи цврсто на патот. Сите модели во задниот дел имаат две издувни цевки. Тој момент повторно потсетува на првиот ТТ модел. Како и сите Audi S модели и TTS има четири овални издувни цевки.
S линијата е опција, овој пакет однадвор вклучува поинаку дизајнирани браници, поинаква маска, прагови и заден дифузор кои изгледаат поостри и поспортски. Управувањето е повеќе од динамично со 18 инчните тркала и каросеријата која е за 10 мм поблиску до подлогата.
Каросерија
Лесната конструкција е една од областите каде што се докажува експертизата на Audi. Втората генерација на Audi TT веќе има Audi Space Frame (ASF) каросерија направена од алуминиум и челик. Кај новиот ТТ, Audi отиде чекор понатаму, во согласност со идејата: вистинско количество од вистинскиот материјал на вистинското место за оптимална функционалност.
Се на се, инженерите на Audi, по втор пат успеа значително да ја намалат тежината на Audi ТТ. Првиот модел доживеа промени во 2006 година, кога беа одземени 90 kg. Моторот 2.0 TFSI кај новиот ТТ тежи само 1230 kg со тоа тој е за околу 50 kg полесен од својот претходник.  Малата вкупна тежина уште еднаш ја докажува  стручноста на инженерите од Audi кога станува збор за лесната конструкција. Малата тежина влијае позитивно особено на забрзувањето, управувањето и потрошувачката на гориво.
Боја и опрема
Клиентите на новиот Audi TT имаат поголем избор, за разлика од претходни модел, и можат да изберат една боја од широката од палета на бои. Постојат 11 бои на каросеријата, од кои една е исклучиво наменета за S Line. Седум од овие 11 бои се сосема нови за моделот ТТ, а две од нив се сосема нови за Audi: Нано сивата и Танго црвената. Исто така, на располагање се две дополнителни бои за TTS – кристален ефект на Пантер црната боја и високо експресивната Сепанг сината боја. Исто така тука се и сосема новите бои за внатрешноста. Кај Audi TT и TTS се нудат три бои за внатрешните елемент кои клиентите можат да ги изберат.
Мотори (Потрошувачката и останатите бројки се привремени)
Audi кај новите ТТ и TTS нуди три различни четири- цилиндрични мотори со турбо полнач и директно вбризгување. Излезна моќ се движи од 135 kW (184 КС) до 228 kW ( 310 КС).   TFSI бензинските и TDI моторите комбинираат атлетска моќ со пионерска ефикасност. Старт – стоп системот е стандард.
При лансирањето на ТТ,  2.0 TDI моторот ќе биде достапен со мануелен менувач и со погон на предните тркала. Тој обезбедува 135 kW (184 КС) и има вртежен момент од 380 Nm. Новиот спортски автомобил со тој мотор забрзува од 0 до 100 km/h за 7,2 секунди, а достигнува максимална брзина од 235 km / h. Потрошувачката на гориво изнесува само 4.2 литри на 100 km, што значи дека емисијата на CO2 изнесува 110 g / km, во светот тоа е рекордно ниско ниво за еден спортски автомобил.
2.0 TFSI моторот достапен е во две верзии – едната верзија со 169 kW (230 КС) наменета  за ТТ и другата со 228 kW (310 КС) наменета за моделот TTS. И двете верзии обединуваат различни ултра модерни технологии – дополнително вбризгување FSI , Audi (АВС) систем за термичко управување, кој користи ротационен модул и издувен колектор кои се интегрирани во главата на цилиндарот.
Audi ТТ со 2.0 TFSI моторот обезбедува 370 Nm  вртежен момент од 1600 до 4300 вртежи во минута. Со тоа купето кое има шест степен мануелен менувач и погон на предните тркала забрзува од 0 до 100 km/h за 6,0 секунди, а  максималната брзина е електронски ограничена на 250 km / h.
Верзијата со шест степен S Tronic автоматски менувач и quattro погон на сите тркала , забрзува од 0 до 100 km/h за 5,3 секунди. Максималната брзина е 250 km/h,  потрошувачката на гориво изнесува 6,8 литри на 100 km, а емисијата на CO2 изнесува 159 g/km. Преносот со двојна спојка преку автоматскиот менувач со шест степени се случува без забележителен прекин.
Audi TTS е врвната изведба. Тој забрзува од 0 до 100 km/h за 4,7 секунди, а неговата максимална брзина е електронски ограничена на 250 km / h. 2.0 TFSI моторот произведува 380 Nm вртежен момент помеѓу 1800 и 5700 вртежи во минута.
quattro погон на сите тркала
Новиот Audi TT со quattro постојаниот погон на сите тркала испорачува дополнителна стабилност и забавата при возењето. Погонот беше постојано унапредуван и оптимизиран особено за новите ТТ модели. Неговата електро -хидраулично контролирана мулти спојка е поставена на задната оска. Специјалната пумпа е така дизајнирана со што нејзината тежина е намалена за 1,5 kg во споредба со претходниот модел. Дистрибуцијата на вртежниот момент меѓу оските е контролирана електронски и се случува во дел од секунда.Сосема новото издание на модерната класика е во центарот на вниманието: Audi TT и Audi TTS ја имаа својата светска премиера на автомобилскиот саем

Пронајдете не на следниве мрежи: