ЕМОЦИИТЕ НЀ РАЗБОЛУВААТ: Тагата им наштетува на белите дробови, а радоста…

Според традиционалната кинеска медицина која се применува повеќе од 5.000 години, постојат седум клучни емоции – радост, лутина, анксиозност, тага, замисленост, страв и шок. Постојат пет главни органски системи, а секој од нив е поврзан со одредени емоции. Црниот дроб и жолчното ќесе се поврзани со лутината, срцето и тенкото црево со радоста, слезината и желудникот со прекумерното размислување и загриженоста, белите дробови и дебелото црево со тагата, а бубрезите и стомакот со стравот.
Интензивните емоции влијаат врз здравјето на органите, Така, претераната лутина го нарушува здравјето на црниот дроб. Гневот ја зголемува енергијата во него, а кога ситуацијата ќе стане премногу стресна, вишокот на енергија од лутината се прелева од црниот дроб и како цунами ита кон главата. Како последица може да се јави висок крвен притисок, а во екстремни случаи и мозочен удар.
Најконтроверзна од седумте основни емоции е радоста. Според древната кинеска наука, прекумерната радост ја „голта“ енергијата на срцето, па тоа станува премногу опуштено и престанува да работи со полн капацитет. Иако нѐ прават среќни, радосните настани можат да бидат опасни за здравјето. Кога многу сме возбудени, срцето почнува брзо да чука. Последица од тоа може да бидат вознемиреноста, несоницата, па дури и повишената температура.

Кога ќе нѐ преплават загриженост и тага, белите дробови ја плаќаат цената. Тагата ја троши енергијата на белите дробови, што предизвикува отекување и болки во стомакот. Прекумерните грижи му наштетуваат на желудникот, а стресот ги ослабнува срцето и мозокот. А ако сте склони кон претерано „мозгање“ и анализирање, имајте на ум дека „нуркањето“ во длабочините на црните мисли силно ја троши енергијата на слезината и му наштетува на здравјето. Стравот и шокот ја согоруваат енергијата на бубрезите, па со тоа се намалува нивната ефикасност.
Анксиозноста е емоција на претерана загриженост, па може да влијае врз здравјето на белите дробови и дебелото црево. Личноста која долго време ја чува оваа емоција во себе, повеќе не може правилно да ја користи енергијата. Последиците можат да бидат краток здив и улцерозен колитис, односно воспаление на дебелото црево.
Како што рековме, прекумерното анализирање на работите ѝ наштетува на слезината, а тоа предизвикува умор, летаргија и намалување на концентрацијата. Претераното размислување може да направи грч во системот за варење, а желудникот се полни со гасови, што предизвикува чувство на надуеност.
Имавте ден преполн со напнатост, а кога сте дошле дома не сте можеле да ручате? Според кинеската медицина, виновник за губењето на апетитот се емоциите кои извршиле „борбен напад“ на вашата слезина и желудникот. Токму затоа, лекарите советуваат тешките теми, посебно оние врзани за финансиите, никогаш да не ги ставате на дневен ред пред оброк или по него.
Емоциите на шок и паника најчесто се појавуваат кога ќе се случи нешто сосема неочекувано. Шокот краткорочно неповолно влијае на срцето, а ако тоа чувство стане хронично, може да ги погоди и бубрезите.Постојат пет главни органски системи, а секој од нив е поврзан со одредени емоции. Црниот дроб и жолчното ќесе се поврзани со лутината, срцето и те

Пронајдете не на следниве мрежи: