Поп пејачката Гоца Тржан ги разнежни бројните обожаватели со фотографија која ја објави на нејзиниот Инстаграм профил. Таа споделила фотографија од ќерката Лена кога имала само три дена и опишала како се чувствувала тогаш.-Вчера ја пронајдов оваа фотографија и срцето ми застана. Мојата ќерка, стара три дена… Ќе помислиш дека е тешок тој период на неспиење, доење, температура, проодување, плачење, замор… а тогаш девојчето ќе порасне и ќе сфатиш дека би се вратила во тоа време само да ја имаш секогаш во близина и во прегратка, да те држи за рака додека спие и бара топлина од твојата кожа кога ќе почувствува и мала несигурност.
Ми недостига многу, а не можам да ја спречувам во стекнувањето на независност. Затоа драги мајки, уживајте во оној „најтежок период“ бидејќи „најтешкото допрва доаѓа“, напишала Гоца во описот на фотографијата.
-Вчера ја пронајдов оваа фотографија и срцето ми застана. Мојата ќерка, стара три дена… Ќе помислиш дека е тешок тој период на неспиење, дое