Енергетската ефикасност во фокус на Саемите за градежништво и недвижнини

Енергетската ефикасност во фокус на Саемите за градежништво и недвижнини 
 
Многу ми е драго што на овогодинешниот Саем на градежништво е ставен посебен фокус на енергетската ефикасност. Градежниот сектор е од клучно значење за енергетската и ресурсната ефикасност. Објектите трошат околу 40% од енергијата и 40% од ресурсите кои се произведуваат на глобално ниво и поради тоа тие се едни од најголемите придонесувачи во продуцирањето на стaкленички гасови“, истакна амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Сибил Сутер Техада на денешното свечено отворање на 14от Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7от RealExpo – Меѓународен саем на недвижности. Таа додаде дека Швајцарија ќе продолжи да ја поддржува промоцијата на енергетската ефикасност, посебно во градежниот сектор, и дека со тоа се надева дека активностите за кои се залагаат ќе помогнат во зголемување на јавната свест за значењето на енергетската ефикасност.
„Кога сте дел од градежната индустрија станувате дел и се поврзувате со бизниси исто како и вашиот кој сакате да го зголемите, да го проширите и да го унапредите. Деновите во кои се организира Саемот на градежништво, кој ужива висок углед по својата разновидност, ширина и детали во рамките на својата програма, заедно по 7ми пат со Саемот на недвижности – RealExpo. Од оваа синхронизација на саеми на нашиот пазар директна корист имаат сите чинители во градежната индустрија и пазарот на недвижности откривајќи уникатни производи и концепти за надградување на овие гранки во стопанството како и директно и кај самите корисници, граѓаните.“ изјави извршниот директор на Скопски саем, Даниела Глигоровска.
За време на саемот, контролори од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Промоцијата на енергетските контролори на Саемот на градежништво и Саемот на недвижности РЕАЛ ЕКСПО е поддржана од Швајцарската Амбасада во Република Македонија во склоп на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability) имплементирана од  Swisscontact и ПРЕДА Плус.
Саемот на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и RealExpo – Меѓународен саем на недвижности, кој од година во година забележува сè поголем интерес кај граѓаните започна на 28.02.2017, вторник, и ќе трае до 04.03.2017, сабота.
 
  
 
Многу ми е драго што на овогодинешниот Саем на градежништво е ставен посебен фокус на енергетската ефикасност. Градеж

Пронајдете не на следниве мрежи: