Енергетските пијалаци опасни за инфаркт

Енергетските напивки коишто содржат големи количества кофеин и стимуланси, како на пример таурин, можат да придонесат за развој на срцев удар, бидејќи го зголемуваат крвниот притисок и шансите за срцева аритмија, потврди едно американско истражување.Американските научници од универзитетот во Калифорнија утврдиле дека енергетските пијалаци го зголемуваат систолниот притисок за 3,5 милиметри жива, како и дека ја продолжуваат таканаречената QT фаза на срцевиот ритам, што го зголемува ризикот од појава на поопасните типови аритмија. Утврдиле дека консумирањето на една до три лименки енергетски пијалаци го продолжуваат потенцијално фатално пореметување на ритамот или попознато како продолжување на QT интервалот на EKG-то за 10 милисекунди.Експертот Сачин Шах од Пацифичкиот универзитет во американската сојузна држава Калифорнија, вели дека продолжувањето на QT интервалот за 30 милисекунди е границата којашто е причина за сериозна загриженост на лекарите.„Поврзаноста на енергетските пијалаци и зголемениот систолен крвен притисок е убедлива и загрижувачка, а за утврдување на влијанието врз срцевиот ритам потребни се натамошни истражувања“, вели Шах за британскиот весник The Telegraph.Предупредува дека лицата со други здравствени ризици, како и повозрасните лица, дека мораат да поведам многу повеќе внимание на опасностите пред да почнат да консумираат енергетски пијалаци.
МакфаксЕнергетските напивки коишто содржат големи количества кофеин и стимуланси, како на пример таурин, можат да придо

Пронајдете не на следниве мрежи: