Фудбалерите на Франција ја остварија втората победа на Европското првенство, откако ја совладаа репрезентацијата на Албанија со двата гола постигнати во дополнителниот период.Вечерва на мечот меѓу Франција и Албанија ги гледавме најслабите 45 минути од почетокот на првенството, немаше шутеви во рамките на двата гола, Албанците целосно го сопреа домаќинот, кој сосема заслужено доби свирежи од публиката по завршувањето на првото полувреме.
Антоан Гризман и Пол Погба денес не беа стартери, во првиот состав на теренот беа Кингсли Коман и Антони Марсијал.
Дваесетгодишниот Коман беше најдобриот поединец во француската репрезентација, но ниту тој не успеваше да упати удар во рамките на голот на Албанците. Инаку, Коман со овој меч стана најмладиот играч кој некогаш стартувал за репрезентацијата на Франција на некое големо натпреварување.
Ниту второто полувреме не донесе нешто ново, Французите напаѓаа, Албанците одлично се бранеа, на неколку наврати изгледаше и како Албанија да е поблиску до погодок од опасните контра напади и од прекините.
Во 51. минута Хисај ја погоди стативата, Французите имаа среќа во тие моменти. Од трибините продолжија свирежите упатени кон домашните играчи и селекторот Дешамп.
Погба го замени Марсијал, Дешамп не беше задоволен од неговата игра, но не вроди со плод замената. Се обиде и со Гризман, кој влезе во игра во 67. минута, Дешамп посакуваше победа по секоја цена.
Само неколку минути подоцна Жиру ја погоди стативата, по еден одличен центар шут на Евра, напаѓачот на Арсенал скокна високо, со глава биеше кон аголот од голот, но немаше среќа.
Но, од 70. минута повторно лошо издание на француските репрезентативци, Дешамп се обиде повторно нешто да промени во играта, ја искористи и последната замена, Жињак влезе на местото на Жиру.
Сања во 80. минута имаше обид со волеј удар, но го промаши голот и на десет минути пред крајот на мечот се уште немаше ниту еден удар во рамките на голот.
И Кошчелини имаше обид со глава по центаршутот на Паје, но лошо ја зафати топката и заврши покрај голот. Притискаа Французите, зачестија нивните напади, се обидуваа на сите начини да стигнат до погодок.
Имаше уште неколку обиди од Паје и Матуиди, па и Погба се закани, но Албанците одлично се бранеа.
Сепак, по истекот на регуларните 90 минути, Рами го проигра Гризман во шестнаесетникот, а ѕвездата на Атлетико Мадрид, во првиот обид во рамките на голот, успева да ја затресе мрежата за водство на домаќинот од 1-0.
Но, не беше тука крајот. Подолго траеше судиското дополнително време и Паје во 95. минута, по одличниот дриблинг во шестнаесетникот упати силен удар во спротивниот агол на голот и беше прецизен за конечни 2-0.
По второто коло, ситуацијата во групата А е следна:
1. Франција 6 бода (обезбеди пласман во осминафинале)
2. Швајцарија 4
3. Романија 1
4. Албанија 0
Во последното (трето) коло играат Франција – Швајцарија и Романија – Албанија.
Денеска на програмата се:
Англија – Велс 15:00ч.
Украина – Северна Ирска 18:00ч.
Германија – Полска 21:00ч.Вечерва на мечот меѓу Франција и Албанија ги гледавме најслабите 45 минути од почетокот на првенството, немаше шутеви во рамките на двата гола, Алб