Во третиот и воедно последен натпревар, македонската ракометна репрезентација во Краков одигра реми со Србија – 27:27. Манасков беше заслужен за бодот кој го донесе во финишот за пласман во главната фаза.Во прилично изедначената игра во првото и второто полувреме, нашите ракометари на крај успеаја и со нерешен резултат да се пласираат во понатамошниот круг на натпревари, благодарение на гол разликата.
Голема борба се водеше до самиот крај, посебно во последните пет минути. Шешум ги израдува српските навивачи, но за среќа и Миркуловски беше расположен со третиот гол на мечот. Набрзо следуваше нов погодок на Шешум кој ја однесе Србија на резултат 25:26во последната минута.
По тајм-аутот на Обрван во налет за реми на само 10 секунди до крајот, Манасков пред последниот судиски свиреж постигна гол и ја однесе Македонија во вториот круг за конечни 27:27.Во прилично изедначената игра во првото и второто полувреме, нашите ракометари на крај успеаја и со нерешен резултат да се пласираат во понатамошни