ЕПИДЕМИЈАТА СЕ ШИРИ: Сѐ што МОРА да знаете за Зика вирусот!

Светската здравствена организација (СЗО), предупредува на опасноста од ширење на вирус кој го пренесуваат комарците. Ви донесуваме сѐ што треба да знаете за Зика вирусот.Што е Зика?
Зика вирусот е ретка тропска болест која за прв пат е откриена во Уганда во 1947 гдоина. Прв познат носител на вирусот е мајмун од шумата Зика, по кого вирусот го доби името. Од првата идентификација, вирусот се ширел главно во тропска Африка, југоисточна Азија и на пацифичките острови. Меѓутоа, минатата година вирусот пристигна во Бразил и се прошири низ Латинска Америка и неколку карипски острови.
Како се пренесува?
Вирусот го пренесуваат Aedes aegypti комарците кои ги има во цела Америка. Истите комарци пренесуваат и други болести како што се тропската и жолтата треска. СЗО верува дека причината за брзото ширење на вирусот е тоа што болеста се раширила на ново подрачје, што значи дека луѓето сѐ уште не стекнале имунитет. Не е познато дали може да се пренесе од едно на друго лице како грипот.
Кои се симптомите?
Според пишувањето на Guardian, 80 отсто од носителите на вирусот не покажуваат симптоми. Но, познато е дека предизвикува треска, осип и болки во зглобовите. Наводно, таквите симптоми се повлекуваат во рок од недела дена.
Дали Зика предизвикува деформации кај новороденчињата?
Директорката на СЗО, Маргарет Чан, изјави дека не постои врска помеѓу Зика вирусот и вродените деформации, но дека причината за загриженост лежи во бројот на деца родени со микроцефалија во подрачјата кои се погодени со вирусот.
„Иако сѐ уште не е утврдена врската помеѓу Зика инфекцијата во бременоста и микроцефалијата, морам да нагласам дека научниците не успеале да ја воспостават. Но, постојат други докази и тоа е загрижувачко. Освен тоа, забележана е и зголемена појава на невролошки симптоми, а во некои земји таа појава се совпаѓа со доаѓањето на вирусот што претставува дополнителна причина за загриженост“ – појаснила Чан.
Микроцефалијата го запира развојот на мозокот, па децата имаат помала глава од своите врсници.
На бремените жени им се советува да не патуваат во подрачјата погодени со вирусот во било која фаза од бременоста.

Кои земји се ризични?
Досега 22 земји се наведени како ризични: Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор, Ел Салвадор, Француска Гвајана, Гватемала, Гвајана, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај, Суринам, Венецуела, Барбадос, Гвадалупе, Хаити, Мартиник, Мартиниј, Порторико, Кејп Верде и Самоа.
Се верува дека Канада и Чиле се безбедни од вирусот поради отсутноста на Aedes aegypti комарецот.
Забележани се првите случаи на Зика вирусот и во Европа. Будно се следи состојбата.
Зика сѐ уште не е забележан во континенталните САД, но останува ризикот.
Дали постои вакцина?
Не, моментално нема лек против Зика, но двете најголеми фармацевтски компании истражуваат дали може нешто да се произведе од веќе постоечките вакцини.
Како да се заштитите?
Комарците наводно се најактивни во текот на денот, па најдобро е да го покриете телото ако живеете во предел со тропска клима. Носете долги ракави и панталони. Користете и средства против комарци. На прозорците ставете заштитни мрежи за да не можат комарците да влезат во просторијата.
Со комарци против комарци
Властите на бразилскиот град Пирасиаба планираат ширењето на Зика вирсуот да ги успорат со помош на генетски модифицирани комарци кои би требало да ги истребат дивите комарци, кои се главни преносители на опасниот вирус.
Компанијата Oxitec, која се занимава со производство на генетски модифицирани комарци, планира да произведе 12 милиони единки на овој инсект. Имено, овие комарци се модифицирани така што по парењето со дивите комарци да дадат неплодно потомство.
Погоните во Пирасибаба ќе имаат капацитет да заштитат повеќе од 300.000 жители од Зика вирусот и други болести.

Пронајдете не на следниве мрежи: