Епохално откритие – пронајден е лекот за ХИВ?!

Еден 44-годишен Британец можеби е првата личност на светот која се излекувала од ХИВ користејќи ја новата терапија што ја направиле тим на научници од пет британски универзитети.Научниците рекле за „Сандеј тајмс“ дека вирусот сосема исчезнал од неговата крв и дека, во случај така да остане, тој ќе биде првиот маж кој ќе биде излекуван од ХИВ.
– Ова е еден од првите сериозни обиди да се пронајде комплетен лек за ХИВ. Сега ја истражуваме реалната можност на лекувањето. Ова е голем  предизвик и сè уште е рано, но напредокот е неверојатен – рекол Марк Самуелс, директор на Националниот институт за истражување во здравството.
ХИВ е тешко да се излекува, бидејќи влијае на имунолошкиот систем, сраснува со ДНК и со Т-клетките, така што тие не ја игнорираат болеста, туку ја шират. Антивирусните третмани кои се применуваат во моментот влијаат на тој процес, но не можат да ги откријат заразените Т-клетки, што значи дека телото на пациентот по терапијата продолжува да го репродуцира вирусот.
Новата терапија функционира во две фази – првата е кога вакцината ќе му помогне на телото во препознавањето на клетките кои се инфицирани со ХИВ и потоа ги чисти, а втората кога лекот „вориностат“ ги активира заспаните, скриените Т-клетки за да ги воочи имунолошкиот систем.
Идентитетот на пациентот не е откриен, освен дека работи во Лондон како социјален работник. Тој изјавил дека е „претпазливо воодушевен“ од резултатите.
Повеќе  од 37 милиони луѓе се заразени со овој вирус во светот.Научниците рекле за „Сандеј тајмс“ дека вирусот сосема исчезнал од неговата крв и дека, во случај така да остане, тој ќе биде првиот ма

Пронајдете не на следниве мрежи: