Ера на Водолијата – апокалипса или златно доба?

Постоењето на ери има астрономски темели. Имено, планетата Земја не се врти околу Сонцето, туку и околу својата оска. Несиметричноста на Земјината оска, како и привлечните сили на Сонцето и Месечината, предизвикуваат нарушување во движењето на нашата планета. Имено, правецот на Земјината оска се поместува за еден степен на секои 72 години, што претставува еден човечки век и опишува полн круг за 25920 години. Така, една прецисиона година трае 25920 наши години.Појавата на прецесија е астрономска појава кај многу планети.
Водолијата е поврзана со елементот на воздухот, за разлика од добата на Рибата која е поврзана со водата, а во последните два века луѓето се` повеќе се учат како да го совладаат воздухот низ разни откритија (воздушен сообрќај, вооружување, солитери…). Доаѓа до будење на умот од колективното несвесно (вода – Риби) и еволуција на човековата свест.
Водолијата е поврзана со размислувањето и рационалноста, како и со комуницирањето, така што ерата на Водолијата ќе биде прилика за голем напредок во интелектуалниот раст на човекот. Добата на Водолијата може да се поврзе со космичкиот ум или космичката свест.
Моментално го оставаме периодот кој траеше повеќе од две илјади години и во кој нашиот духовен живот воглавно бил диктиран од верските авторитети и власти, а во ерата на Водолијата секој поединец повторно ќе има прилика за духовен развој, но овој пат индивидуално и без верски авторитети.
Со тоа, влијанието на религијата потполно ќе го загуби своето тло, но ќе мора да се вложи многу време и напор во изградбата на некои нови и модерни стандарди. Никој формално нема да ги прекине религиите, нациите и класите. Едноставно, таквите облици постепено ќе се загубат на секое поле.

 
Бидејќи уште се наоѓаме во ерата на Рибата, може да се рече дека се наоѓаме помеѓу спротиставен систем на вредности. Така доаѓа до спротиставеност на енергиите и активирање на точките за тензија, кои се` повеќе ги чувствуваме околу нас преку настаните во светот.
Овој период на транзиција го карактеризираат елементарни непогоди, како што се поплави, пожари, земјотреси, што посебно ќе биде присутно додека Уран преминува низ знакот на Овен, како и Плутон низ знакот на Јарецот. Водолијата е поврзана со најсилните ветрови, така што во ерата на Водолијата треба да се очеккуваат појави на торнада, оркани и торнада, дури и на места каде што овие појави никогаш претходно не се видени.
Човекот од ерата на Водолијата ќе биде декларација за смртта на стариот и раѓање на потполно освежениот човек – без нации, без религии, без било какви дискриминации помеѓу мажот и жената, црни и бели, богати и сиромашни, Исток и Запад, Север и Југ.
Новиот човек само ќе сака да ја почуствува радоста на животот, животните задоволства – повеќе цвеќе, убавина, хуманост, милост.
А човечката раса ги има кацитетите и можностите да создаде рај на оваа планета и да го претвори сегашниот момент во најголема екстаза на животот.
Појавата на прецесија е астрономска појава кај многу планети.
Водолијата е поврзана со елементот на воздухот, за разлика од добата на Рибат

Пронајдете не на следниве мрежи: