Airbus, втората по големина авионска компанија во САД (по Боинг) ја замислува иднината на еден конкретен начин – летечки такси возила, управувани од вештачка интелигенција, кои се дел од проектот на Airbus – Vahana, пишува Engadget.- Амбициозниот план првично звучи речиси комично, мислејќи дека тестовите на такви летечки возила можат да започнат најрано во 2017 година, но „технологиите кои се потребни за реализација на таков идеал, речиси се постоечки и целосно достапни“, смета инженерот од Airbus, Родин Лајасоф.
Тие ќе бидат употребени од втората најголема авионска компанија во САД, што дава уште поголема тежина на идејата. Патниците кои би имале потреба од такси можат да си резервираат место на дрон, кој е именуван од страна на компанијата како „zenHop City Airbus“, а потоа да се пренесат на zenHub хелиодроми.
Од таму тие ќе бидат транспортирани до посакуваната локација со речиси иста цена како нормално такси, бидејќи трошоците за летот ќе се намалени ако патувањето се дели со неколку луѓе. Ако имаат багаж кој сакаат да носат со себе, тогаш тој ќе биде пренесуван со друг дрон – zenLuggage, а пак ботот zenCyber ќе ја чува секоја информација од хакери.
Компанијата вели дека дизајнот на автономните авиони се чува во тајност, но дава индикативна идеја со сликите. Работата на него тече веќе 2 години и наскоро може да стане реалност, земајќи ги предвид и сите регулаторни пречки кои можат да се појават.
Идејата за автономен дрон за патници не е нова, бидејќи кинеската компанија ЕHang веќе покажа таков прототип кој дури правел и тест летови. Но, суштинската разлика е во степенот на компаниите – додека кинеската е е прилично нова компанија, Airbus има 55.000 вработени и илјадници инженери, што ѝ дава многу поголема шанса да ја реализира оваа идеја.- Амбициозниот план првично звучи речиси комично, мислејќи дека тестовите на такви летечки возила можат да започнат најрано во 2017 година, но &bdq