Ердоган: И покрај напорите да не се случи тоа, на повидок се големи цивилизациски судири

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди денес на можни „судири на цивилизациите“ по брановите напади на милитантните екстремисти во Париз, велејќи исто така дека зад минатонеделните напади врз сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ се кријат напади на исламот.„Со голема загриженост ги следиме нападите на исламот кои се кријат зад нападот на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Франција“, рекол Ердоган, кој стана се погласен критичар на она што тој го нарекува растечка исламофобија на Западот.
„И покрај сите наши настојувања да го спречиме тоа, тезите за судир на цивилизациите стануваат се пореални“, истакнал турскиот претседател денес на состанокот со економистите во Анкара.
Не спомнувајќи имиња, Ердоган, исто така, очигледно ги критикува и француските власти поради тоа што дозволиле Ајат Бумедиен, сопруга на еден од вооружените напаѓачи, да отпатува во Турција деновите по нападот, а за која се верува дека сега се наоѓа во Сирија.
„Тие зборуваат за луѓе кои поминуваат низ Турција, но би требало прво да научат како да ги проверуваат патните исправи кога тие луѓе ја напуштаат нивната земја“, забележал турскиот претседател.
Турција ја зголемила пограничната безбедност откако се соочи со критики дека им дозволила на стотици европски идни милитантни екстремисти да преминат во соседна Сирија и да и се придружат на радикалната група Исламска држава.
Неименуван француски претставник претходно истакнал дека разузнавачката соработка на Париз и Анкара е силна и дека Турција не е виновна што не успеала да ја уапси Ајат Бумедиен, објави британската агенција „Ројтерс“.„Со голема загриженост ги следиме нападите на исламот кои се кријат зад нападот на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Франција&l

Пронајдете не на следниве мрежи: