Ердоган ќе доживее нервен слом: Русите уништија 2.000 цистерни со нафта!

Руската разузнавачка служба сними скоро 12.000 цистерни за нафта на турско-ирачката граница на преминот во регионот Захо, изјави генералот Сергеј Рудској и додаде дека руските авиони досега уништија преку 2.000 цистерни за нафта кои ги шверцувале џихадистите.„Во моментот на снимање во реонот Захо, од двете страни на турско-ирачката граница се наоѓаат 11.775 нафтени цистерни и камиони, од кои 4.530 се на територијата на Турција, а 7.245 во Ирак“ – изјавил Рудској.
Терористите во Сирија ги маскираат цистерните и се движат ноќе.
„Тие ги маскираат цистерните во обични камиони и се движат во мали колони од неколку возила“ – објаснил тој.
Но, како што навел, значително се намалил бројот на нафтените цистерни кои од Сирија кон Турција се движат преку илегалните „северни и западни“ рути за транспорт на нафта.
„Според сателитските податоци, бројот на нафтените цистерни кои се движат по северната рута кон центрите за преработка на нафта во Батман, значително се намалени претходните неколку дена“ – рекол Рудској.
Тој додал дека слична ситуација била забележана на западната рута Рејханли-Искендерун, каде, како што истакнал, бројот на возила е намален на 265.
„Со поддршка на руската авијација, владините сили, како и одредени патриотско расположени опозициски групи, продолжуваме да водиме офанзива против одреди на екстремистите во сите насоки. Најголем успех е постигнат во провинциите Алепо и Латакија и во предградијата на Дамаск“ – рекол Рудској.„Во моментот на снимање во реонот Захо, од двете страни на турско-ирачката граница се наоѓаат 11.775 нафтени цистерни и камиони, од кои 4.530

Пронајдете не на следниве мрежи: