Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во интервју за Ројтерс, чии делови пренесува БТА, вчера призна дека имало значителни пропусти во работата на разузнавањето пред обидот за воен преврат и затоа вети брзо преструктурирање на вооружените сили.Во своето прво интервју по објавување на вонредната состојба во земјата Ердоган рече дека е можно да се направи нов обид за преврат, но тоа ќе биде многу потешко затоа што сега властите се многу внимателни.
– Јасно е дека имаше значителни пропусти и недостатоци во нашето разузнавање, нема смисла тоа да го кријам или одрекувам, рече Ердоган во својата палата во Анкара.
Претстојната средба на Врховниот воен совет, закажана за 1 август, на која ќе се изврши надзор врз вооружените сили, можно е да биде пролонгирана за една недела, за подобро да се разгледа нивното преструктурирање.
Врховниот воен совет го сочинуваат премиерот, министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.
– Тие заедно работат на ова прашање и многу скоро ќе се појави новата структура, во која ќе биде внесена свежа крв, рече Ердоган.
Британската агенција наведува дека претседателот изгледал спокоен и концентриран за време на целото интервју, но неговото обезбедување внатре и околу пространиот комплекс било засилено. Во градините на палатата биле разместени специјални полициски единици, а на патиштата, што водат до палатата, биле направени импровизирани контролни пунктови, вклучувајќи и камион за смет, што го блокирал пристапот до комплексот.
Ердоган изјави дека нема пречки вонредната состојба да биде продолжена и по завршувањето на трите месеца, доколку тоа биде неопходно. Тоа на неговата Влада ќе и овозможи да преземе брзи мерки против поддржувачите на превратот и на претседателот и владата ќе им овозможи да го заобиколат Парламентот во исфрлањето нови закони, вклучувајќи ги и оние со ограничувања на правата и слободите, доколку ги сметаат за добри.
Ердоган кажа дека движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого го смета за мозокот на обидот за преземање на власта, ќе биде третирано како уште една сепаратистичка терористичка организација, какви се и курдските вооружени групи, со кои државата се бори веќе три децении.Во своето прво интервју по објавување на вонредната состојба во земјата Ердоган рече дека е можно да се направи нов обид за преврат, но тоа ќе биде