Ердоган: Народот бара смртна казна за пучистите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека турскиот народ сака смртна казна за учесниците во неуспешниот воен пуч, во кој беа убиени повеќе од 200 лица.Ердоган истакна дека турскиот Парламент треба да одлучи дали повторно ќе се воведе смртната казна и дека тој, доколку тоа се случи, таквата мерка ќе ја преточи во закон.
Во 2004 година Турција ја укина смртната казна во рамки на напорите за членство во ЕУ, но повиците за повторно воведување на оваа казна се засилија по неуспешниот воен пуч во ноќта меѓу петокот и саботата.
– За тоа е потребна одлука на Парламентот… Како претседател, ќе одобрам секаква одлука на Парламентот, рече Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен.
Ердоган нагласи дека „народот на улиците изнел такво барање“.
– Народот смета дека терористите треба да бидат убиени… Зошто да ги држиме и храниме во затворите, тоа е она што народот го вели, порача Ердоган, во своето прво интервју по обидот за воен пуч.
Ердоган наведе дека неговата Влада за неколку дена ќе упати писмено барање за екстрадиција на имамот Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во егзил во САД, и кого турскиот претседател го означи како организатор на неуспешниот пуч.
– Во прашање е јасно злосторство и велепредавство, рече Ердоган, одговарајќи на прашањето за повиците осомничените организатори на пучот да се соочат со смртна казна.
– Но, секако, за такво нешто е потребна одлука на Парламентот во форма на уставна мерка. Лидерите треба да се сретнат и да разговараат за тоа, наведе Ердоган.
Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонскиот разговор со Ердоган претходно вчера јасно кажа дека силно се противи на повторното воведување на смртната казна во Турција и истакна дека таквиот чекор ќе спречи оваа земја да стане членка на Европската Унија.
И од Брисел на Ердоган му беше испратена истата порака – дека повторното воведување на смртната казна не е прифатливо за ЕУ.Ердоган истакна дека турскиот Парламент треба да одлучи дали повторно ќе се вовед

Пронајдете не на следниве мрежи: