Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за Си-Ен-Ен изјави дека уставните реформи не значат премин на Турција кон диктатура, демантирајќи ги тврдењата дека тој нов систем е „скроен како за него“.– Тоа не е систем, кој му припаѓа на Тајип Ердоган. Јас сум смртно суштество, можам да умрам во кој било момент, рече турскиот претседател.
Ердоган ги отфрли обвинувањата дека ги поддржал измените од желба да ја зајакне својата моќ, а не да го унапреди политичкиот систем во Турција.
– Системот претставува промена, трансформација, демократска историја на Турција, рече Ердоган во интервјуто дадено вчера во претседателската палата во Анкара.
Тоа, како што напомена Си-Ен-Ен, е првото интервју, кое Ердоган го дал по референдумот.
– Навистина, промените се големи. Но тоа не значи дека постои диктатор. Таму каде што има диктатурата нема претседателски систем. А тоа што го видовте во неделата се нарекува демократија. Јас тоа го нарекувам волја на народот, рече тој.
Ердоган наведе дека „инаку е фудбалер“ и дека со спортски жаргон ќе ја објасни моменталната ситуација.
– Нема врска дали ќе победиш со 1-0 или со 5-0, победа е победа, изјави турскиот претседател.
Тој напомена дека Турција цели 54 години стои пред вратите на ЕУ.
– Од политичка гледна точка, тоа едноставно не е подносливо. Се обидовме да ги исполниме сите нивни барања, но тие не ги одржаа своите ветувања. Ако ја променат политиката кон Турција, тогаш повторно можеме да седнеме на маса и да видиме што може да направиме, рече Ердоган.
Тој изрази задоволство од честитките од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со референдумот.
– Тоа е убаво, но уште подобро би било да се сретнеме и да ја подобриме нашата соработка. Ми се доапаѓа Трамп, неговите чекори ме прават среќен. Ние сме сојузници и верувам дека можеме да решиме многу проблеми, порача Ердоган.– Тоа не е систем, кој му припаѓа на Тајип Ердоган. Јас сум смртно суштество, можам да умрам во кој било момент, рече турскиот претседател.