Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа за крвавиот самоубиствен бомбашки напад на свадба која се случи во Газиантеп, изјави дека терористичката група “Исламска држава” најверојатно го извршила нападот за време прославата.Во писмена изјава тој истакна дека нема разлика помеѓу организацијата на проповедникот Фетхулла Ѓулен, обвинет за обидот за преврат од 15 јули, нелегалната Курдистанска работничка партија и Исламска држава, која е најверојатен сторител на нападот во Газиантеп.
Нападот се случи во 23 часот, кога гласна експлозија одекнала во свадбена сала во населбата Акдере. Најмалку 30 луѓе загинале откако бомбаш самоубиец се разнесе, а речиси сто се повредени, јави новинската агенција “Фокус”, повикувајќи се на AFP. Како што јави Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори, турските власти привремено забранија известување за овој напад. Првиот човек на тускиот Црвен Крст, Керим Киник нагласи дека има премногу ранети и апелираше граѓаните на Газиантеп итно да даруваат крв. Се уште никој нема официјално преземено одговорност за овој напад.Во писмена изјава тој истакна дека нема разлика помеѓу организацијата на проповедникот Фетхулла Ѓулен, обвинет за обидот за преврат од 15 јули, нел