Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева на решавање на долгогодишниот кипарски проблем преку заеднички напори со Грција. „Грција и Турција се земјите гаранти (во однос на Кипар). Се надевам, благодарејќи на статусот на гаранти, дека ќе умееме да го решиме кипарското прашање, и тоа конечно за потоне во заборавот“, изјави Ердоган во понеделникот во Истанбул на заедничката прес-конференција со неговиот грчки колега Антонис Самарас. Под претседателство на премиерите на Турција и на Грција, во понеделникот во турската метропола Истанбул се одржа вториот состанок на билатералниот Совет за соработка на високо ниво, на кој се потпишани 25 меѓувладини договори. Состанокот на двајцата премиери се одржа зад затворени врати, во кабинетот на Ердоган во Истанбул, а траел час време, известува агенцијата Anadolu. Ердоган по состанокот изјавил дека меѓу Турција и Грција се можни разлики во ставовите, но дека и нивното решавање е можно преку дијалог. Истакнувајќи дека Турција и Грција ќе покажат потребна волја за решавање на меѓусебните отворени прашања, турскиот премиер заклучил „Сакаме да го закопаме кипарското прашање“. Турскиот премиер, исто така, рече дека решението на кипарскиот проблем, кој е една од пречките на патот на интеграцијата во Европската унија за Анкара, ќе биде „од витално значење за обезбедување на регионалниот мир, стабилноста и безбедноста“. Самарас изјави дека состанокот со Ердоган бил „полезен и конструктивен“, и повторил дека се потпишани 24 билатерални договори „Точно е дека не се успеа кипарското прашање да се реши за 40 години. Тоа мора да се промени“, рече грчкиот премиер додавајќи дека решавањето на ова прашање ќе придонесе за регионалната соработка и пријателството. „Денеска е голем дена за турско-грчката соработка“, заклучи Самарас. Кипар од 1974 година е поделен на грчки и турски дел. Турција во неколку наврати изјави дека нема да ги отвори своите пристаништа за членката на Европската унија, Република Кипар, чијшто суверенитет не го признава, сé додека не биде ставен крај на меѓународната изолација на отцепената Турска Република Северен Кипар.
МакфаксТурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека се надева на решавање на долгогодишниот кипарски проблем преку заеднич