Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека Анкара може да ја преиспита својата позиција за приклучувањето кон Европската Унија, доколку биде оставена да чека уште долго и доколку се задржи сегашниот непријателски однос на некои држави од заедницата.Ердоган, исто така, изјави дека не може да се најде решение за сириската криза, доколку Асад остане на власт.
Тој изјави дека одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа неговата земја да ја стави под набљудување е „целосно политичка“ и Анкара не ја признава.
Тој кажа дека е подготвен на референдум да го стави и прашањето за приклучувањето кон ЕУ и дека Турција не може да чека до бесконечност, откако веќе 54 години стои пред вратата на ЕУ.
– Доколку тие не постапуваат искрено, ние треба да најдеме излез. Зошто да инсистираме уште долго? Зборувам за 54 години, изјави Ердоган во интервју за Ројтерс, дадено во претседателската палата во Анкара, пренесува БТА.
„Велика Британија ги праша своите граѓани и тие гласаа за Брегзит . . . Тие имаат душевен мир, тие одат кон нова иднина, истото го направи и Норвешка . . .истото може да се примени и за Турција“, рече тој.
Ердоган ги посочи претседателските избори во Франција, каде крајнодесничарската лидерка Марин ле Пен се заканува со излез од ЕУ, и изјави дека заедницата е „пред распаѓање“.
– Една или две земји не можат да ја одржат ЕУ жива. Имате потреба од земја како Турција, различна земја, олицетворение на различна вера, тоа би ги направило многу посилни, рече тој.
„Но, се чини, дека државите членки на ЕУ не го осознаваат овој факт. Тие сметаат дека е многу тешко да прифатат муслиманска земја како Турција“, изјави Ердоган.
За војната во Сирија тој кажа дека конфликтот не може да биде решен се додека претседателот Башар ал-Асад останува на власт.
– Асад не е начинот за решавање на проблемот во Сирија, изјави Ердоган.
„Сирија би требало да биде ослободена од Асад за да може да се појави решението“, кажа тој.
Ердоган, исто така, го спомена и намалувањето на руската поддршка за Асад. Според него, рускиот пртетседател Владимир Путин му кажал: „Ердоган, не ме разбирај погрешно. Јас не сум заштитник на Асад, не сум му адвокат“.Ердоган, исто така, изјави дека не може да се најде решение за сириската криза, доколку Асад остане на власт.
Тој изјави дека одлуката на П