Ердоган: Турција нема намера да се извини за инцидентот со рускиот авион!

„Анкара нема да се извини за инцидентот со соборениот руски Су-24“, изјави турскиот претседател Таип Ердоган во интервју за CNN.„Јас мислам дека ако постои потребата некој да се извини, тоа не сме ние. Што треба да им се извиниме на оние кои го прекршиле нашиот воздушен простор? Нашите пилоти и војската едноставно ја исполнија својата обврска која се состоеше во одговорот на повредата на воздушниот простор“, рече Ердоган.
Во вторникот, рускиот Су-24 се урна во Сирија. Авионот бил соборен од ракета од типот „воздух-воздух“ на турските авиони Ф-16 на сириска територија и падна во Сирија на 4 километри од границата со Турција. Пилотот Олег Пешков починал. Навигатор Константин Мурахтин е спасен и се наоѓа во руската воена база во Сирија.
Генералштабот на Руската Федерација, изјави дека Су-24 бил нападнат на граничен премин со Турција и ова е потврдено од страна на сириската противвоздушна одбрана. Турција тврди дека рускиот авион влегол во нивниот воздушен простор што се покажа како лага.
Според Министерството за одбрана, едниот пилото загинал кога во моментот на слетување бил нападнат од земјата. Турските медиуми објавија дека авионот се урнал на територијата населена со сириските Туркмени.„Јас мислам дека ако постои потребата некој да се извини, тоа не сме ние. Што треба да им се извиниме на оние кои го прекршиле нашиот воздуше

Пронајдете не на следниве мрежи: