Во обраќањето кон собирот на женските здруженија во Истанбул во неделата, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека работата не е причина жените да го отфрлат мајчинството.„Жената којашто се воздржува од мајчинство со изговор дека работи, всушност го одбива мајчинството“ – порачал Ердоган на собирот на женските здруженија во Истанбул.
Нешто порано, Ердоган исто така има изјавено дека е против употребата на контрацепција, велејќи дека тоа се коси со муслиманската традиција. Тој додал дека секоја жена треба да роди најмалку три деца.
Поради своите стравови, Ердоган е мета на критика од јавноста, а посебно по јавно искажаните ставови против абортус и прељуба.„Жената којашто се воздржува од мајчинство со изговор дека работи, всушност го одбива мајчинството“ – порачал Ердоган на собирот