Истапувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе има значителнно негативно влијание врз германските компании, кои на долг рок ќе ги намалат своите инвестиции на островот, смета првиот човек на германската Комора за трговија и индустрија, Ерик Шварцер.Според Швајцер, како што јави дописникот на МИА од Берлин, четири од 10 германски компании ќе имаат негативни последици од своите активности во Велика Британија, а во наредните месеци се очекува понатамошно намалување на трговијата со земјата по Брегзит.
Анализите на Комората за трговија и индустрија, во која членуваат најмоќните германски компании, покажуваат дека секоја десетта фирма веќе планира да ги повлече средствата што биле планирани за активности во Велика Британија.
Швајцер смета дека бројот на вакви фирми ќе биде многу поголем кога ќе се дознаат условите под кои Лондон ќе замине од ЕУ.Според Швајцер, како што јави дописникот на МИА од Берлин, четири од 10 германски компании ќе имаат негативни последици од своите активности во Вел