Еротска масажа која ќе ви донесе незаборавен оргазам

Еротската масажа е една од најдобрите работи доколку сакате да имате страстен секс и да доживеете одличен оргазам. Но, ретко кој ја применува еротската масажа за да внесе свежина во својот сексуален живот,а оние кои го применуваат тоа најчесто не знаат правилно да ја употребат еротската масажа. 
Многумина еротска масажа ги асоцира на масажа на половите органи на мажот и жената. Но, вистинската еротска масажа започнува со масажа на вратот, рацете и грбот нешто слично како обична рилакс масажа. 
Започнете нежно со ароматизирано масло да го масирате вратот. Запазете го делот каде што се спојуваат вратот и рацете односно рамената. Тука постојат точки кои се доста осетливи и може да предизвикаат чувство на возбуда. 
Потоа преминете на рацете и дланките. Постојат луѓе кои се возбудуваат при допирот на дланките и најчесто тие асоцираат на мастурбација. Грбот е дел каде што според истражувањата 65 отсто од луѓето чувствуваат возбуда, најмногу кај делот на половината која се поврзува со задникот. 
Откако ќе ги поминете овие делови од телото време е за една еротска масажа на половите органи. Постојат посебни техники за еротска масажа на мажот и жената. 
За жената: 
Таа нека лежи на грб, а вие полека започнете да ја допирате во делот кај препоните. Со ароматизираното масло вашите прсти ќе се лизгаат низ нејзините препони. Потоа преминете на нејзините долни усни, кои ќе ги мазите со кружни движења. Тоа ќе наликува на нежна мастурбација, на клиторисот која ја возбудува секоја жена. Преку кружните движења на клиторисот, таа дефинитивно може да доживее оргазам, пред да преминете на делот под клиторисот. 

За мажот:
Додека тој лежи на грб, вие започнете да го масирате нежно на делот под папокот, а над половиот орган. Најчесто кај повеќето мажи тој дел е навистина осетлив и предизвикува возбуда. По некое време, преминете на препоните за дупло да го зголемите неговото задоволство и исчекувањето кога ќе го „зграпчите“ за половиот орган. Откако ќе успеете двојно да го излудите, преминете на половиот орган. Почнете со масажата така што ќе правите движења од горе кон доле и обратно. На врвот на половиот орган правете кружни движења кои дефинитивно ќе придонесат за лудо и незаборавно чувство. 

Потоа подгответе се, бидејќи по оваа еротска масажа следува секс кој ќе го памтите цел живот. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Еротската масажа е една од најдобрите работи доколку сакате да имате страстен секс и да доживеете одличен оргазам. Но,

Пронајдете не на следниве мрежи: