Есенско опаѓање на косата – причини и совети како да го намалите овој проблем

Нашата коса на светлина реагира како и билките. Таа напролет и во лето расте, бидејќи светлината го активира хормонот на раст, а наесен кога сонцето е се послабо, косата слабее и опаѓа токму како и листовите на дрвјата.Веројатно веќе сте забележале дека во последните неколку недели косата сè почесто ви опаѓа. 
Тоа можете најдобро да го забележите откако ќе ја измиете или исчешлате косата. Но, нема потреба за грижа бидејќи косата навистина повеќе опаѓа во есенскиот период.
Сезонското опаѓање на косата трае отприлика 6-8 недели, но доколку ваквиот проблем продолжи и понатаму, консултирајте се со вашиот лекар. Она што е нормално е губење на 80-100 влакна во текот на денот, а иако не можете да ги изброите, можете барем отприлика да заокружите колку ви опаѓа косата.
Токму затоа, обрнете посебно внимание и нега на вашата коса во следниот период, нанесувајќи хранливи маски кои можете сами да ги подготвите. Но, освен разните препарати за нега, важно е косата да ја зајакнете и со правилна исхрана.
Помеѓу есенските намирници кои се добри за вашата коса се јаболкото, сливите, тиквата, компирот, крушата, шипката и цитрусот. Покрај нив се препорачува и храна која е богата со железо и витамин Б.
Во продолжение, ви претставуваме еден едноставен рецепт за хранлива маска за коса:
Во еден сад, растопете една лажица топло млеко со една чајна лажичка мед или шеќер и додадете 20 грама свеж квасец. Оставете го садот на топло место за да ферментира (15-20 минути).
Вака добиената смеса нанесете ја на чиста и влажна коса, замотајте ја со најлонска ќеса и со топла крпа. Ваквите маски бараат топлина за да се создадат оптимални услови за раст на габите. Со нивниот раст, се зголемува и концентрацијата на протеини, витамини и минерали кои продираат во фоликулата на влакното. Оставете да делува околу 2 до 3 часа, а потоа измијте ја косата со шампон.
Маската од квасец користете ја еднаш неделно, во времетраење од 10-15 недели. Потоа направете пауза од 3 месеци и повторете по потреба.Веројатно веќе сте забележале дека во последните неколку недели косата сè почесто ви опаѓа. 
Тоа можете најдобро да го забележи

Пронајдете не на следниве мрежи: