Елитната екорт дама Гвинет Монтенегро спиела со точно 10.091 мажи. На самиот врв од својата кариера заработувала од 500 до 1000 долари на час. Дури 12 години поминала работејќи го ова, а пред три години се „пензионирала“. Со години избегнувала љубов, но сега вели дека конечно е подготвен и за тоа.Ескорт дамата која пред три години се повлекла од работата сега е подготвена да искуси како изгледа вистинската љубов.
Гвинет Монтенегро (36) од Мелбурн имала 80 понуди за брак откако се дознало дека бара љубов. Познато е дека спиела со 10.091 мажи, но тоа на оние кои и понудиле брак очигледно не и пречи.
Додека работела, таа успевала да ги разграничи љубовта и работата, свесна дека мажите само плаќаат за секс. Гвинет по цена од 500 до 1000 долари на час спиела со познати адвокати, политичари и музичари.
„Некои од моите колешки се забавуваа со луѓе кои ги најмуваа, а некои дури и се омажиа. Мене ми беше полесно да ја избегнувам врската додека работам. Тие две работи едноставно не ми одеа заедно. Пробав еднаш, но заврши катастрофално“, раскажуваа таа.
Откако престанала да се занимава со ова, се појавила во неколку реклами, а сега напишала и книга.
„На мажите воопшто не сум гледала како на личности во кои би можела да се вљубам и поголема стимулација наоѓав во самата работа“, вели таа.
Но сега е подготвена да се вљуби.
Гвинет до сега била само во две врски, од кои и двете траеле по година дена.
„Моите родители не се венчале се до доцните 30-ти години. Кога на мајка ми и велам дека сакам да почнам да излегувам со мажи, таа се шали дека сум имала доволно мажи до сега“, вели Гвинет низ смеа.
Таа вели дека во текот на овие години сфатила што мажите сакаат од жените.
„Клиентите ми зборуваа а добрите и лошите страни на своите врски. Мислам дека сега ги разбирам мажите подобро“, вели таа.
Во светот на ескорт дамите Гвинет влегла откако на 18 години била силувана. Поради тоа многу и паднала самодовербата, а желбата за пари ја однела на маса за стриптиз, по што почнала да се занимава со оваа работа.Ескорт дамата која пред три години се повлекла од работата сега е подготвена да искуси како изгледа вистинската љубов.
Гвинет Монтене



