Ешли Кол би можел уште овој месец да се пресели во Реал Мадрид, Челзи на тој начин може само да заработи за овој играч бидејќи во летниот преоден-трансфер период му истекува договорот.
Познато е дека Ешли Кол е во иста ситуација како и Френк Лампард. На лето му истекува договорот и може да се најде како слободен играч да бира клуб во кој сака да ја продолжи кариерата.
Последните информации од Островот велат дека неговиот агент веќе е во Мадрид на преговори со Реал кој би сакале да го доведат во своите редови уште овој месец. Челзи на тој начин би добил некое обештетување, а Реал би добил играч кој е поврзан и со други клубови.
„Дејли Меил“ пренесува дека агентот на Кол на големо работи околу реализација на овој трансфер. За услугите на Ешли Кол се заинтересирани и други клубови. До сега се споменуваше интересот од страна на Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а „Дејли Меил“ тврди дека ситуацијата сериозно ја прати и екипата на Барселона. Меѓутоа, според информациите кои ги пренесуваат англиските медиуми, сиве овие клубови освен Реал Мадрид, би реагирале дури во летниот преоден-трансфер-период.
„Дејли Меил“ оди чекор понатаму и тврди дека Кол е желба на Анчелоти кој наводно би го заменил Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид.Ешли Кол би можел уште овој месец да се пресели во Реал Мадрид, Челзи на тој начин може само да заработи за овој играч бидејќи во летниот преоден-т