ЕФА Универзитет за Аудиовизуелни Уметности – ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк ќе додели две стипендии во вредност од по 3.000 евра во рамки на четвртото издание на Фестивалот за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, што ќе се одржува од 4-ти до 6-ти декември во Кинотека на Македонија.За стипендијата може да се пријават сите ученици од четврта година средно образование и со завршено средно образование кои поседуваат основно познавање за цртање.
Заинтересираните треба да ги испратат своите лични податоци (име и презиме, возраст и контакт телефон) заедно со цртежи во било која техника и на било која тема на мејлот на фестивалот: [email protected] или [email protected] најдоцна до 4-ти декември.
Од пристигнатите апликации ќе се направи избор на шест апликанти кои ќе учествуваат на работилница за традиционална 2D анимација во сабота, 6-ти декември, во просториите на Универзитетот.
Предавач на работилницата ќе биде Гоце Господиновски. На најдобрите двајца учесници ќе им бидат доделени стипендиите од по 3.000 евра. За работилницата не е потребно никакво предзнаење, освен поседување талент за цртање. Директорот на „Анимакс Скопје Фест“, Кузман Кузмановски, вели дека оваа работилница се организира за промоција на анимацијата како начин на комуникација и како обид да се поддржи една културна форма и да се поттикне македонскиот креативен потенцијал меѓу младата популација.
„Оваа година на наше задоволство можеме да ја констатираме продлабочената соработка на „Анимакс Скопје Фест“ и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА кој одлучи двајца најталентирани учесници на работилницата за традиционална 2D анимација да ги награди со стипендија во висина од по 3.000 евра. Тимот на „Анимакс Скопје Фест“ цврсто верува дека Македонија претставува расадник на таленти и токму затоа се обидуваме заедно со ЕСРА да овозможиме верификација на нивниот труд преку организирање на вакви настани“, изјави директорот на „Анимакс Скопје Фест“, Кузман Кузмановски.
„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.За стипендијата може да се пријават сите ученици од четврта година средно образование и со завршено средно образование кои поседуваат основно позна