ЕУ и САД денеска треба да ја објават проценката на меѓународната заедница дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24. април, согласно договорот од Пржино, пренесува МИА.Евроамбасадорот Аиво Орав, завчера одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проценката се уште е во подготовка.
– Од една страна 24 април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на договорот од Пржино. Па така сите страни се во право, рече евроамбасадорот Орав.
Тој потсети дека ја оценуваат ситуацијата во три области за подготовката за изборите и тоа прво ДИК и Избирачкиот список, во однос на персоналот на ДИК и ревизијата на Избирачкиот список, второ медиумите-балансирано известување и договорот на четирите партии за медиумите, одвојувањето помеѓу државата и партиите, како и притисоци и закани.
Орав не потврди дали еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска ќе пристигне во Скопје и ќе одржи средби со лидерите на четирите политички партии потписнички на договорот од Пржино.
Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев вчера изјави дека датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино и оти засега не гледа ниту една причина тој датум, односно закон да биде дискутабилен.
– Треба да се држиме до она што веќе го имаме договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија, рече Димитриев, одговарајќи на новинарско прашање.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски исто така смета дека нема пречка за одржување на изборите на 24 април, како што предвидува Договорот од Пржино. Тој вчера изјави дека на изборите народот одлучува, а Македонија, како што рече, ќе ја победи и оваа наметната криза од СДСМ.
– Затоа СДСМ и Заев се плашат од избори, бидејќи нивниот главен страв е одговорот од граѓаните кои многу добро гледаат и знаат што точно се прави. Изборите ќе бидат одговор кој СДСМ ќе го добие не од ВМРО-ДПМНЕ, туку лично од граѓаните на Македонија. Тој одговор ќе биде громогласно „не“ на сите нивни манипулации, афери, закани, најави од Заев за апсење, не за јавните етикети, цензорските закани, опструкциите, подметнувањата и сплетките и големо „да“ за работа, за програма и за брз развој, за продолжување и уште поголемо забрзување на темпото на работа и реализација на тековните и многу нови проекти, рече Груевски.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, вчера изрази уверување дека меѓународната заедница ќе соопшти оти нема елементарни услови за да се одржат фер и демократски избори на 24 април.
– Апсолутно е јасно дека утре ќе се соопшти тоа што сите го знаат, дека нема ниту елементарни услови за да се одржат фер и демократски избори во Македонија, рече Заев по средбата со лидерот на БЕСА, Африм Гаши.
Амбасадорите на Европската унија и на САД во Македонија Аиво Орав и Џес Бејли на крајот од јануари на средба со премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев му предочиле дека не подоцна од 20 февруари, во консултација со меѓународни и локални експерти, заеднички ќе разгледаат дали се исполнети условите за одржување кредибилни избори на 24 април. Тие при тоа му ги предочиле критериумите што ќе ги употребат во проценката.
Во критериумите е наведено дека ДИК мора да биде целосно обезбедена со персонал и финансии. Што се однесува до Избирачкиот список мора да бидат завршени првичните вкрстени проверки на сите релевантни податоци за да се добие добра слика за тоа колку опсежен ќе биде процесот на прочистување, вклучитлено и теренските проверки. Таа мора да има веродостојна програма и доволно време и ресурси за да може да ги истражува и да одлучува по неправилностите што ќе се откријат за време на вкрстената проверка,
Во документот што беше доставен и до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, се наведува дека мора да постои јасна законска рамка за навремено отстранување на имиња кои не припаѓаат во Избирачкиот список, како и да бидат воведени соодветни механизми за обележување на имињата кои нема да можат да бидат отстранети, но за кои ќе биде потребна дополнителна проверка. Мора да постои опсежен и фер механизам за разгледување на желбите што ќе произлезат од процесот на прочистување на Избирачкиот список, а ОБСЕ да биде поканета да ја набљудува процедурата.
Во критериумите што ќе се користат за проценка на спроведувањето на обврските од Пржино ЕУ и САД наведуваат и дека четирите партии мора да постигнат договор за медиумските реформи, и дека „мора да бидат преземени мерки што ќе обезбедат доволна одвоеност на државата од активностите на политичките партии со што ќе се санкционираат злоупотребите.Евроамбасадорот Аиво Орав, завчера одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проценката се уште е во подготовка.
– Од една с