ЕУ ќе издвои 120 милиони евра од 2018 година за бесплaтен безжичен интернет, односно за инсталирање илјадници бесплатни безжични терминали низ цела Европа, на јавни места како што се паркови, болници и библиотеки, јавува дописникот на МИА.Европскиот парламент денеска во Стразбур, даде зелено светло за програмата, која пред една година ја објави претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер во својот говор за “Состојбата на Унијата”, има за цел да дистрибуира во 6000 до 8000 градови и села, од сите земји-членки, “ваучери” од 20000 евра, со кои ќе се дозволи да се извршат потребните технички зафати за инсталирање безжични терминали.
Идејата е да се поедностават колку што е можно процедурите за да оваа услуга биде достапна дури и до малите села, кои не ги знаат сложените европски формалности.
За да ги побараат тие ваучери, претставниците на локалните власти ќе можат да се поврзат на посебна веб-страница, каде што исто така ќе најдат листа на компании овластени за извршување на инсталационите работи. Компаниите, кога ќе го добијат ваучерот потоа ќе се обратат до европските органи за наплата.
Локалните заедници кои сакаат да имаат корист од мрежата, мора во замена, да го финансираат најмалку три години одржувањето на терминалите и трошоците за претплата на операторите кои ќе обезбедат интернет.
Ваучерите ќе бидат дистрибуирани до општините на база на „прв пристигнат“, но Комисијата обезбеди механизам за обезбедување правична географска распределба на услугите во сите земји-членки на ЕУ.Европскиот парламент денеска во Стразбур, даде зелено светло за програмата, која пред една година ја објави претседателот на Комисијата Жан-Клод Ју