Европската комисија ќе го регулира потребното време за подгревање на кафето во куќните апарати. Оваа одлука најмногу ги потресе Германците за кои важи дека се големи љубители на филтер-кафето.Брисел сака да ги исклучи нашите апарати за кафе, а причината поради тоа е дека тие трошат премногу струја. Тоа посебно се однесува на апаратите за правење на филтер-кафе. Па затоа сите апарати кои што се во приватна употреба ќе мораат да се исклучуваат автоматски, некои дури и по пет минути. Тоа значи дека ќе се намали потрошувачката на струја, но и дека кафето ќе биде ладно! – се буни германскиот таблоид Билд.
Коментарите на весникот Рајн-Некар цајтунг (Дизелдорф), се осврнуваат кон нешто друго: „ЕУ ја ограничува потрошувачката на струја на правосмукалките, кујнските аспиратори, или апаратите за кафе. Тоа се мали чекори, но со огромно дејство. Секако дека е битен ефектот на заштеда на електрична енергија, но се јавува последица дека граѓаните ќе се чувствуваат дека ЕУ ќе може да ги подредува како што сака…“
Уште поостар е коментарот на Мителбајерише цајтунг: „Крајно време е да им се покаже црвен картон на тие професионални регулатори на ЕУ. Како да не беше доволна забраната за одредени типови на правосмукалки, сега ЕУ ќе не нападне и со забрана за одржување на топлината на кафето. На 25 мај ќе се одржуваат избори за Европскиот парламент. Можеби сите ние ќе можеме да допринесеме при штедењето на струја – да им ги изгасиме светлата во нивните канцеларии…“Брисел сака да ги исклучи нашите апарати за кафе, а причината поради тоа е дека тие трошат премногу струја. Тоа посебно се однесува на апаратите за