ЕУ ќе одредува колку долго ќе се загрева кафето

Европската комисија ќе го регулира потребното време за подгревање на кафето во куќните апарати. Оваа одлука најмногу ги потресе Германците за кои важи дека се големи љубители на филтер-кафето.Брисел сака да ги исклучи нашите апарати за кафе, а причината поради тоа е дека тие трошат премногу струја. Тоа посебно се однесува на апаратите за правење на филтер-кафе. Па затоа сите апарати кои што се во приватна употреба ќе мораат да се исклучуваат автоматски, некои дури и по пет минути. Тоа значи дека ќе се намали потрошувачката на струја, но и дека кафето ќе биде ладно! – се буни германскиот таблоид Билд.
Коментарите на весникот Рајн-Некар цајтунг (Дизелдорф), се осврнуваат кон нешто друго: „ЕУ ја ограничува потрошувачката на струја на правосмукалките, кујнските аспиратори, или апаратите за кафе. Тоа се мали чекори, но со огромно дејство. Секако дека е битен ефектот на заштеда на електрична енергија, но се јавува последица дека граѓаните ќе се чувствуваат дека ЕУ ќе може да ги подредува како што сака…“
Уште поостар е коментарот на Мителбајерише цајтунг: „Крајно време е да им се покаже црвен картон на тие професионални регулатори на ЕУ. Како да не беше доволна забраната за одредени типови на правосмукалки, сега ЕУ ќе не нападне и со забрана за одржување на топлината на кафето. На 25 мај ќе се одржуваат избори за Европскиот парламент. Можеби сите ние ќе можеме да допринесеме при штедењето на струја – да им ги изгасиме светлата во нивните канцеларии…“Брисел сака да ги исклучи нашите апарати за кафе, а причината поради тоа е дека тие трошат премногу струја. Тоа посебно се однесува на апаратите за

Пронајдете не на следниве мрежи: