Лидерите на земјите членки на ЕУ на вчерашаниот Самит во Брисел, на кој постигнаа договор со Турција за надминување на мигрантската криза, се заложија и за зајакнување на соработката со државите од западниот Балкан за справување со проблемот со бегалците, соопшти Европскиот совет на својата интернет страница.Во рамки на постигнатиот договор се повикува на зајакнување на соработката со западнобалканските земји, пред се со Македонија и Србија, во решавањето на мигрантската ситуација, се додава во соопштението.
Европскиот совет нагласува дека неговиот прв човек Доналд Туск веќе разговарал со претседателот на Европската централна банка, Марио Драги за обезбедување на финансиски средства за земјите од западнобалсканскиот регион, наменети за справување со проблемот со бегалците.
Во соопштението се додава и дека лидерите на ЕУ на вчерашниот Самиот во посебен заклучок најавија дека до претстојново лето ќе предложат обезбедување на дополнителни финансиски средства за изградба на инфраструктура и за економско зајакнување на западниот Балкан.Во рамки на постигнатиот договор се повикува на зајакнување на соработката со западнобалканските земји, пред се со Македонија и Србија, во решавање