ЕУ ЌЕ ВОВЕДЕ ВИЗИ ЗА АМЕРИКА: Дали ќе се случи нова катастрофа?

САД ќе мораат итно да ги укинат визите за сите државјани на Европската унија, или ЕУ во спротивно ќе мора да одговори со контрамерки и да воведе визи за влез на американските државјани во ЕУ.Како и да звучи оваа констатација, таа е теоретски можна бидејќи Вашингтон во рок од 24 месеци не даде позитивен одговор на барањето на ЕУ за целосен реципроцитет, што би значело укинување на визи и за државјаните на Хрватска, Полска, Бугарија, Романија и Кипар.
Вчера, Европската комисија по „службена должност“ водеше расправа по која усвои „политичка комуникација“ за визен реципроцитет со САД, Канада и Брунеј. Тие држави не ги исполнија целосно условите за реципроцитет, што значи дека сите граѓани на ЕУ, без оглед од која земја-членка доаѓаат, мора да имаат можност да влегување без виза во тие држави чии државјани можат без визи да престојуваат во ЕУ.
Ова е принципот на заедничката визна политика на ЕУ.
Според тоа начело, ако во рок од 24 месеци не се коригира непостоењето на реципроцитет, ЕУ може да ја суспендира визната либерализација за граѓаните на тие земји. Тоа дури и би можело да оди и според принцип на автоматизам ако кон тоа не се противи Советот со квалификувано мнозинство или Европскиот парламент.
Рокот за одговор на САД, Канада и Брунеј истече на 12 април, па затоа ЕК ги повика Советот и Европскиот парламент „итно да покренат расправа и да заземат став за најсоодветен одговор“. ЕК би требало да изнајде решение до 12 јуни, кога воведувањето визи би можело и да стапи на сила.Како и да звучи оваа констатација, таа е теоретски можна бидејќи Вашингтон во рок од 24 месеци не даде позитивен одговор на барањето на ЕУ за целос

Пронајдете не на следниве мрежи: