Европската унија го осуди приведувањето на стотици мирни демонстранти против корупцијата во Русија, меѓу кои и опозиционерот Алексеј Навали и повика тие итно да бидат ослободени.Портпаролот на дипломатската служба на ЕУ изрази жалење поради приведувањето на стотици мирни демонстранти и поради употребата на сила против нив од страна на руските власти во Москва, Санкт Петербург и други градови.
Очекуваме мирните демонстранти да бидат итно ослободени и да можат да ги уживаат основните права, кои им се загарантирани со Уставот, се наведува во декларацијата на Унијата.
Според руската невладина организација „ОВД-Инфо“ вчера за време на демонстрациите против корупцијата, организирани од Навални, биле приведени над 1.500 лица.
ТАСС јави за над 150 лица приведени во Москва, поради учество во недозволен протест и за околу 500 во Санкт Петербург „за различни нарушувања“.Портпаролот на дипломатската служба на ЕУ изрази жалење поради приведувањето на стотици мирни демонстранти и поради употребата на сила против нив о