Во текот на неделата Брисел ќе одлучува за санкции врз Русија кои ќе се одразат врз односите помеѓу Европската Унија и Русија. Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека Романија не ги признава резултатите од референдумот. Канадскиот премиер Стивен Харпер, референдумот го окарактеризира како нелегитимен. Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел со цел да донесат листа на казнени мерки кои ќе ги спроведуваат врз лицата одговорни за отцепувањето на Крим. Овој референдум ЕУ го оцени како спротивен на меѓународното право.
Наводно, санкциите ќе бидат насочени кон кримските власти што учествуваа во распишувањето на референдумот и врз блиските соработници на Владимир Путин кои го поддржаа отцепувањето.
За ова се огласи и романскиот претседател Трајан Басеску:
– Гласањето, организирано под закана на воена окупација, не може да биде признаено за законско од меѓународната заедница – рече тој.
– Романија, чија енергетика многу зависи од рускиот гас, бара цврст, јасен и остар одговор од ЕУ – додаде шефот на романската дипломатија.
Свое мислење дадоа и Канада и Јапонија
– Т.н. референдум што вчера се одржа во Крим, е незаконски окупиран од воените сили. Неговите резултати не одразуваат ништо друго освен руска воена контрола – рече Харпер.
– Референдумот е нелегитимен и нема никаква правна вредност. Канада не ги признава неговите резултати – додаде канадскиот премиер.
Јапонската Влада ја повика Русија да не го анектира Крим
– Јапонија не ги одобрува резултатите од референдумот и ја повикува Русија да го почитува меѓународното право и суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина – изјави секретар на Владата во Токио.
Покрај ова Јапонија ќе соработува и со останатите земји од Г-7 и не ја исклучува можноста да наложи економски санкции против Русија, слично на западните држави.Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел со цел да донесат листа на казнени мерки кои ќе ги спроведу