ЕУ реши да ја спасува Украина со 11 милијарди евра

Колеџот на комесари на Европската комисија, утринава усвои пакет со вкупна помош од 11 милијарди евра за Украина, што Европската унија ќе и ги даде на поранешната советска република во следните неколку години, со цел економско закрепнување на оваа држава, јавува дописникот на МИА од Брисел.
 
 Како што предмалку објави претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Барозо, овие пари ќе бидат издвоени од буџетот на Унијата, како и од меѓуанродните финансиски институции базирани во ЕУ.
Притоа, од овие средства, 1,4 милијарди евра за Украина ќе бидат неповратна помош од страна на официјален Брисел.
– Комисијата веќе има мисија во Украина која ги проценува потребите на земјата. Колеџот на комесари на ЕК, денеска одлучи да прелдожи пакет за помош на Украина, за кој земјите-членки ќе одлучуваат на утрешнито вонреден состанок на шефовите на државите и владите во рмаки на Европскиот совет. Овој пакет може да даде најмалку 11 милијарди евра во следните неколку години од европски буџет и меѓународни финансиски институци, како поддршка на украинска влада и нејзината нпосветеност на реформите – истакна Барозо на прес-конференцијата во Брисел.
Според првиот човек на Еврокомисијата, ЕУ-пакетот за финансиска помош на Украина се состои од непосредни караткорочни и среднорочни мерки, за трговска, економска и финансиска помош. Тој посочи дека 1,6 милијарди евра ќе бидат во кредити како макроекономска помош, 1,4 милијарди евра неповратни средста, од кои 600 милиони следни две години.
Барозо образложи дека три милијарид евра ќе треба да испрати Европската инвестициска банка (ЕИБ) за периодот од 2014 до 2016 година, а се предлага создавање на фонд во кој ќе се вложуваат пари од страна на земјите-членки и од европскиот буџет.
– Во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), каде ЕУ и земјите-членки се мнозински сопственици, ќе се одлучи како за понатаму да се помогне со уште пет милијарди евра на Украина, при што земјата ќе добие 250 милини евра од проектот за добрососедство и 3,5 милијарди евра за кредити и проекти за вложувања. Исто така, со помош на меѓународните финансиски институции, даваме прелдог за одржување на посебен донаторски координаторски механизам, на кој ЕУ ќе биде домаќин во Брисел – додаде Барозо.

Првиот човек на неформалната Влада на Унијата, додаде дека Комисијата е подготвена да даде предлог до Европскио парламент и Европскито совет, за унилатерална примена на одредбата за увоз на роба според договорот за придружување кој ЕУ е подготвена да го потпише со Украина, од што според Барозо е можна заштеда во милиони евра за екс-советската република. Целиот пакет за финансиска помош на украинската економија, Барозо истакна дека ќе се надополни од самите змеји-членки на Унијата, но и од Меѓународнио монетарен фонд (ММФ), Светската банка и другите партнери што ќе сакаат да се приклучат во собирањето на финансии за помош на украинската економија.
– Сите овие средства се нови, свежи пари. Освен оние 610 милиони евра макрофинансиска помош која е веќе одобрена, но не е исплатена, се останато се нови одлуки донесени денеска од страна на Еврокомисијата. Но, за одобрување на целиот пакет потребна е согласност од земјите-членки и Европарламентот. Планирана е една милијарда евра макрофинансиска помош и 1,4 милијарди евра неповратна помош, како дел од следната Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ) на ЕУ. Не се работи само за свежи пари, туку и колку брзо истите да ги мобилизираме. Утре на вонредниот состанок на ЕС, со украинскиот премиер Арсениј Јацењук ќе разговараме да видиме какви се моностите сето ова брзо да се активира оти наУкраина и итно е потребна нашата помош – заклучи Барозо.
Колеџот на комесари на Европската комисија, на денешниот состанок изразил шокираност од настаните во Украина, потсетувајќи се дека мирот не може да биде нешто што е само по себе разбирлива работа. Според нивнио залучок, овие настани потсетиле колку е застарена логиката на судири која треба да се замени со почитување и соработка.
– Нашата порака останува, а таа е дека украинскиот народ сам треба да одлучи за својата иднина, нивната слобода да е загрантирана, а територијалниот интегритет – почитуван. Главни приоритети се да се придонесе за мирно решение на кризата и очекуваме сегашните мерки за спречување на ескалацијата да се спроведат. Мора да водиме политички дијалог во рамки на украинскиот Устав и со почитување на правата на сите украински заедници и граѓани. Затоа го поздравуваме дијалогот меѓу Москва и Киев и се надеваме дека никој нема да биде против меѓународните посматрачи на Крим – го пренесе претседателот на ЕК, Барозо, ставот на неформалната Влада на Европската унија.
Извор: Курир
 
 
 
 Како што предмалку објави претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Барозо, овие пари ќе бидат издвоени од буџетот н

Пронајдете не на следниве мрежи: