Ставовите на Ван Хауте не се ставови на мисијата на Европската унија во Македонија. Од таму велат дека ставовите на Европската унија во врска со политичката ситуација во Македонија го соопштува единствено нејзиниот прес-центар.Според неофицијалните информации кои доаѓаат од таму, Мисијата на ЕУ во Скопје, предводена од амбасадорот Аиво Орав се оградува од ставовите на белгискиот филозоф.
Оградувањето на ЕУ доаѓа по серијата срамни изјави на социјалните мрежи на Ван Хауте со кои директно ги навреди македонските граѓани.
Ван Хауте од своето пристигнување во Македонија постојано ги провоцира македонските граѓани коментирајќи дека тие немаат европски менталитет, па објави во последната фотографија сцена како вперува пиштол во нив.
Затоа, владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со став дека ја прекинува соработката со Ван Хауте. Од таму велат дека за нив белгискиот филозоф е обичен турист во Македонија и му препорачаа да го посети музејот на Македонската револуционерна борба.
Но, Ван Хауте за медиумите кои ги финансира СОРОС денеска најавил дека ќе продолжи да ги води преговорите, иако не објасни како мисли да го прави тоа ако се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да присуствува на ниту еден преговарачки процес кој ќе го води овој филозоф.Според неофицијалните информации кои доаѓаат од таму, Мисијата на ЕУ во Скопје, предводена од амбасадорот Аиво Орав се оградува од ставовите на бел