ЕУ со двојни стандарди: Македонија не е иста со Србија и Хрватска

Ако може Брисел да ја натера Хрватска да ги стави зад грб билатералните проблеми со Србија, со што практично Белград нема блокада да ги отвори поглавјата 23 и 24 во преговорите за пристапување кон Европската Унија, зошто стои настрана и практикува двојни аршини во врска со проблемот за името што Грција го има со Македонија?За оваа дилема која сосема легитимно предизвикува револт кај македонската јавност деновиве, за време на самитот на шефовите на државите од Западен Балкан, побаравме објаснување од кабинетот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. Одговор стигна од портпаролката не Европската комисија, Маја Kоцијанчич.
Според објаснувањето на Kоцијанчич, грчко-македонскиот спор не можел да се споредува со билатералниот спор меѓу Хрватска и Србија бидејќи ЕУ, како што веќе се изјаснила, има намера да поддржи какво било решение донесено под покровителство на Обединетите нации. Со други зборови, Унијата си се иззема од одговорност за долгогодишната блокада на евроинтегративните процеси на Македонија од страна Грција и тоа што Брисел не направи буквално ништо за ова прашање оставајќи ја работата во рацете на ОН.
– Споредување неспоредливи прашања. Србија е земја-кандидат која во моментов преговара со ЕУ. За секој чекор на овој процес (на пример, отворање или затворање поглавја) потребна е едногласна одлука на сите земји-членки. Ова важи за сите случаи на преговори за пристапување. Kога станува збор за прашањето за името на вашата земја, ЕУ поддржува компромисно и меѓусебно прифатливо решение под покровителство на ОН – одговори Kоцијанчич.
Таа не заборави да остане доследна на бирократскиот речник на нејзината институција и да порача дека мора да се стави крај на спорот.
– Потребно е долготрајните разговори во врска со прашањето за името да се доведат до дефинитивен заклучок, без одлагање – заврши Kоцијанчич.
Однесувањето на Брисел од експертската јавност беше протолкувано како политичка потреба да прати сигнал по одлуката на Велика Британија да излезе од составот на ЕУ. Политички гаранции дека Србија ќе ги отвори поглавјата од самитот испратија германската канцеларка Ангела Меркел, но и лично еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, а впрочем ваквата одлука се насетуваше изминатите денови со средбата на хрватската претседателка со српскиот премиер и слично.
 
Меркел го изрибала шефот на хрватското МНР
Вчера српски „Блиц“, повикувајќи се на свои извори, објави дека германската канцеларка буквално ги изрибала хрватските претставници за време на самитот поради блокадите кон Србија.
– Германската канцеларка го изриба хрватскиот шеф на дипломатијата Миро Kовач поради блокирањето на Србија за време на работната вечера на самитот во Париз. Kанцеларката практично го натерала Kовач пред сите функционери да вети дека Хрватска ќе го деблокира отворањето на поглавјата за Србија – пишува „Блиц“
Според весникот, таа наводно и него, но и сите присутни ги изненадила кога го поставила прашањето „кога беше отворањето на поглавјата со Србија, 19 јули?“, по што следувал молк од неколку секунди, а Меркел уште еднаш му го повторила прашањето. На ова Kовач одговорил климнувајќи со глава.
 
Извор: Дневник / Искра KоровешовскаЗа оваа дилема која сосема легитимно предизвикува револт кај македонската јавност деновиве, за време на самитот на шефовите на државите од Западен

Пронајдете не на следниве мрежи: