ЕУ уценува: Бугари, мора да се откажете од Јужниот тек

ЕУ сѐ повеќе се противи на изградбата на Јужниот тек, а Европскиот парламент повика на откажување од тој гасовод во неофицијална резолуција.Изградбата на гасоводот Јужен тек за ЕУ сѐ повеќе станува политички мртов проект: Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција во која повика земјите членки да се откажат од тој проект, а бугарските медиуми пренесоа дека претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека мора да се сопре Јужниот тек.
Сакам Бугарија да виде внимателна во спроведувањето на проектот со гасоводите со Русија и да се определи за други гасоводи кои што ќе овозможат диверзификација на енергетските извори во земјата. Во Бугарија постојат луѓе кои се руски агенти – изјави Баросо кон почетокот на април на таинствен состанок од кој сепак се открија некои детали.
Меѓутоа, минатата недела бугарскиот министер за економија и енергетика објави дека проектот Јужен тек ќе напредува според планот. Односите помеѓу ЕУ и Русија секако дека се оладија, но Бугарија има намера оваа година да започне со изградба на Јужниот тек.
Досега беше планирано Јужниот тек да поминува низ Бугарија, Србија, Хрватска, Унгарија, Словенија, Италија и Австрија, со траса под Црното Море – и да започне со работа во 2015 година, барем во првата фаза. Меѓутоа, Европската комисија во декември 2013 година, објави дека за ЕУ тој проект е противзаконит бидејќи билатералните договори кои Русија ги склопила со секоја земја посебно, не се во скалд со енергетските прописи на ЕУ.Изградбата на гасоводот Јужен тек за ЕУ сѐ повеќе станува политички мртов проект: Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција во која повик

Пронајдете не на следниве мрежи: