ЕУ загрижена: ситуацијата во Украина се влошува

Наместо подобрување ситуацијата во Украина се влошува.Како што јави дописникот на МИА од Брисле, ова денеска го пренесе Маја Коцијанчич, портпарол на Високата претставника за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Кетрин Ештон. Според Коцијанчич, ЕУ забележале недостаток на подобрување на ситуацијата во Украина, наместо подобрувањето кое шефовите на државите и владите на земјите-членки го побараа на минатонеделниот вонреден Самит посветен на Украина.
– Има знаци на зголемување на силите на руските војници во Крим. Загрижувачки извештаи дојдоа дека за време на викендот имало претепувања, апсења и киднапирања, како и трето одбивање да се пуштат набљудувачите на ОБСЕ.

 
Ситуацијата се на се продолжува да биде загрижувачка, но ние веруваме дека решение на кризата треба да се најде преку преговори меѓу Украина и Руската Федерација, вклучително преку постоечкиот мултилатерален механизам кој е достапен, со целосно почитување на меѓународното право, суверенитетоти територијалниот интегритет на Украина, порача гласноговорничката на Европската комисија.
Според портпаролката Коцијанчич, постојат неколку мултилатерлани механизми што се достапни за такви преговори низ кои може да се посредува, посочувајќи ја контакт-групата како еден од нив. Таа додаде дека Унијата е подготвена да влезе во секој механизам што ќе помогне за де-ескалација на кризата.
– Како што гледате постојано има многу дипломатски активности, со вклученост на наши земји-членки, со единствена цел за де-ескалација на кризата. За една недела ќе имаме нов состанок на Советот за општи работи на ЕУ (ФАК), каде Украина меѓу главните прашања на агендата и напорите за дипломатско решение, додаде Коцијанчич.
МИАКако што јави дописникот на МИА од Брисле, ова денеска го пренесе Маја Коцијанчич, портпарол на Високата претставника за надворешна и безбедносна п

Пронајдете не на следниве мрежи: