Првата ноќ од 4та година по ред на „Златни денови“ Кратово ги отвори портите на илјадници посетители од цела Македонија и од Балканот. Музиката на Бона Деа, Тара, Александра Јанева, Браво бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска, Драган Којиќ Кеба, Јана Бурческа и Слаткар го исполнија градот со незаборавна атмосфера.Вечерта беше посветена на спојот на македонската музика, кафанските песни за душа и поп музиката. Изведувачите покажаа дека постои совршената синергија на различни стилови кои ја понесоа публиката во содржајна еуфорија за сечиј вкус. Лица од секоја генерација можеа да се видат како уживаат и се забавуваат. Вистинско доживување за одличниот почеток на „Златни денови“ во Кратово.
Втората вечер со нетрпение се очекува настапот на нашата најголема пејачка и музичка ѕвезда, Калиопи. Таа ќе го исполни Кратово со спомени од нејзините најпознати и најубави песни. Истата ноќ ќе настапат Етно составот – Вез од Штип, познатите рокери Пеперминт и Tribute to Бјело Дугме.
„Златни денови“ традиционално ја водеше единствената, Лила Стојановска. Исто како и првата ноќ забавата ќе продолжи со познати Ди Џеи во базен дискотеката во Кратово.
Еуфоријата, уживањето и уникатното доживување продолжува!Вечерта беше посветена на спојот на македонската музика, кафанските песни за душа и поп музиката. Изведувачите покажаа дека постои соврше