„European Scientific Journal“: „Нападот“ од 11 септември е контролирано демолирање!

Заклучено е дека кулите близначки можат да издржат удар на Боинг 707.15 години по нападите на 11 септември, European Scientific Journal, што го објавува Европскиот Научен Институт, објави статија со наслов: „15 години подоцна: За колабирањето на облакодерите“, во кој се анализира колапсот на сите три згради од Светскиот Трговски Центар. Резултатот од истражувањето укажува на тоа дека сите три облакодери се уништени со планирано демолирање, и фактот дека овој контроверзен наслов е објавен од ваков весник се смета за уште една победа на оние кои тврдат дека зад нападот се крие сосем друга приказна.
Истражувањето е направено во соработка со Стивен Џоунс од Универзитетот Брајгам Јанг, Роберт Корол од Универзитетот МекМастер, машински инженер во воздушната индустрија, Ентони Замботи и Тед Волтер. Истражувањето е богато со извори, и сериозно ги поткопува сомнежите дури и на скептиците.
Едно од најважните сведоштва за колапсот на кулите го дава главниот инженер на зградите, Џон Скилинг. Секаква катастрофа што може да му се случи на еден облакодер е земена во предвид за време на дизајнирањето, а овде е вклучен и удар од авион. Според извештај од 1993 година, од Сиетл Тајмс, кулите близначки биле анализирани пред многу години, откако се зголемила загриженоста дека е можен случај на удар од авион. Заклучено е дека кулите близначки можат да издржат удар на Боинг 707.
„Го разгледавме секое можно црно сценарио што би можело да им се случи на зградите, па дури и удар од авион, но сепак, во тие денови луѓето немаа толкав страв од терористи. Анализата покажа дека најголем прблем би бил тоа што горивото од авионот би се истурило во зградата и би настанал страшен пожар што би убил многумина. Но, структурата на зградата се уште би останала. Сепак, правилно поставени експлозиви со толкава јачина би можеле да направат огромна штета. Претпоставувам дека експерт за ваков вид работа би можел да постави експлозиви со доволна јачина на вистинските места и да ги сруши кулите.“
Во истражувањето се вели: „Со други зборови, Скилинг верува дека единствениот механизам што би можел да ги сруши кулите-близначки е контролирано демолирање“. Треба да се посочи и дека ниеден облакодер со челични рамки не се срушил од пожар. А сепак, на 11 септември 2001 година, три згради наводно се срушија токму од тоа, а едната од нив не беше ни удрена од авион.
Авторите заклучуваат:
„Никогаш претходно не се случило пожар да сруши облакодер. Дали бевме сведоци на невиден настан три пати на тој ден? Таквиот заклучок е донесен наспроти тврдењата на се поголем број на архитекти, инженери и научници дека тоа е невозможно“.
 

15 години по нападите на 11 септември, European Scientific Journal, што го објавува Европскиот Научен Институт, објави статија со наслов: „15

Пронајдете не на следниве мрежи: