Eurosport и EBU потпишаа договор за пренос на елитните европски атлетски првенства до 2019

Eurosport ги продолжува мултиплатформните права за пренос на елитните натпреварувања во организација на Европската атлетска асоцијација и со тоа ја зајакна посветеноста на Eurosport во однос на атлетиката и олимписките спортови.Европскиот договор постигнат со EBU (Европската радиодифузна унија), се однесува на серија најдобри атлетски настани за следните четири години. Догорворот ќе започне да се применува со преносот на Европското атлетско првенство кое ќе се одржи од 06-10 јули 2016 во Амстердам. Договорот исто така вклучува и пренос на Европското атлетско првенство во сала во 2017 и 2019, како и Европско тимско атлетско првенство во 2017, 2018 и 2019 година.
„Eurosport се етаблира како водечко одредиште за љубителите на олимписките спортови“, изјави Питер Хјутон, извршниот директор на Eurosport. „Овој договор ја покажува нашата приврзаност за атлетиката и олимписките спортови додека ги чекаме преносите на Олимписките игри во 2018 година.
Преносот на овогодишното Европско атлетско првенство ќе се збогати со Џонатан Едвардс, легендарен трискок скокач, кој е главен водител на Eurosport. Џонатан ќе го претставува најдоброто од програмата за 2016 година, како и Олимписките игри во 2018 година.
Гледачите ќе може да уживаат во пренос на одбрани митинзи (на отворено и во сала), главните маратони низ светот и IAAF Дијамантната лига*
*правата за пренос на IAAF Дијамантната лига, Еуроспорт ги има во Обединетото Кралство, Германија и океанска АзијаЕвропскиот договор постигнат со EBU (Европската радиодифузна унија), се однесува на серија најдобри атлетски настани за следните четири години. Дог

Пронајдете не на следниве мрежи: