Еуроспорт во пресрет на Ролан Гарос издава нова апликација за виртуелна реалност

• Апликацијата на Еуроспорт ќе им овозможи на корисниците нов и иновативан пристап на спортската содржина преку виртуелната реалност (VR= virtual reality)
• За време на Ролан Гарос најдобрите моменти* од мечевите и ексклузивни случувања “зад камерите” ќе бидат достапни на апликацијата
• Љубителите на тенисот ќе ги проследат случувањата преку драматичен 360° поглед на теренот преку очите на најголемите тенисерски ѕвезди за време на ексклузивните интервјуа со играчите
• Апликацијата на Еуроспорт е достапна за iOS, Android и Oculus уредите.Еуроспорт ја покрена Eurosport VR, нова апликација за виртуелна реалност со чија помош корисниците ќе можат да бидат дел од централните настани на тенисот. Апликацијата за преземање е достапна со самиот почеток на Ролан Гарос, а ги содржи најдобрите моменти од мечевите вклучувајќи ги и “ударите на денот” како и ексклузивните случувања “зад камерите”.
Корисниците за време на Ролан Гарос ќе може да го гледаат светот преку очите на најдобрите тениски ѕвезди преку драматичен 360° поглед на теренот за време на ексклузивните интервјуа со играчите. Во текот на годината, виртуелната реалност на Еуроспорт ќе им овозможи на гледачите да бидат поблизу до случувањата од било кога порано, и на тој начин ќе се обиде да ја разгори страста на љубителите на спортот низ цела Европа.
Оваа иновација се темели на развојот на бројни и возбудливи содржини на виртуелната релност на која работат Еуроспорт и Дискавери Комуникејшнс, како импресивниот 360° филм каде Боди Милер се спушташе на стазата во Бивер Крик во пресрет на Светскиот куп во алпско скијање, а коисниците имаа можност да го доживеат неговото искуство.
Питер Хатон, главниот и извршен директор на Еуроспорт изјави: „Постојано тежнееме да донесеме нови и возбудливи решенија кои ќе ги приближат луѓето до врвниот спорт. Eurosport VR апликацијата со иновативни продукциски техники ќе ги однесе корисниците во средиштето на случувањата и ќе ги донесе до нивните идоли поблизу од било кога порано. Нашето прво видео со Милер имаше одлични реакции и со нетрпение очекуваме љубителите на дпортот да го искусат и тенисот на виртуелен начин. За многу од нив тоа че биде прво VR искуство.“
Eurosport VR апликацијата е достапна за iOS, Android и Oculus уредите. Фановите ќе можат сите снимки да ги искусат со помош на очила за VR како што се Samsung Gear VR или други решенија како Google Cardboard.
Најдобрите моменти од турнирот и ексклузивните снимки „зад камерите“ ќе може да се проследат по завшувањето на мечот секој ден од почетокот на Ролан Гарос, па се до машкото финале на 5 јуни.Еуроспорт ја покрена Eurosport VR, нова апликација за виртуелна реалност со чија помош корисниците ќе можат да бидат дел од централните настани на

Пронајдете не на следниве мрежи: