Властите на Вануату денеска наредија задолжителна евакуација на целиот остров поради заканата од ерупција на вулкан.Единаесет илјади жители на островот Амбе, 150 километри северно од престолнината Порт Вила, треба да го напуштат островот до шести октомври.
Евакуираните ќе бидат префрлени до блиските острови.
– Првпат во историјата на човештвото остров од архипелаг треба да биде целосно евакуиран поради вулкан, изјави претставник на Службата за борба со природни катастрофи во Вануату.
Вулканот Манаро се активира пред неколку недели и за време на викендот неколку села преплави со пепел и камења, што ги принуди властите да прогласат вонредна состојба.
Вануату е островска држава во југозападниот дел на Тихиот Океан, која се наоѓа на Нови Хебриди.
Единаесет илјади жители на островот Амбе, 150 километри северно од престолнината Порт Вила, треба да го напуштат островот до шести октомври.