Евакуиран трговскиот центар Манчестер

Трговски центар во Манчестер беше евакуиран денеска на кусо, откако очевидци слушнале „силен татнеж“, неколку часа откако бомбаш самоубиец уби 22 лица, а рани 59 во истиот дел на британскиот град.Голем број луѓе почнале да бегаат од објектот, а полицијата во Манчестер спроведе истрага во трговскиот центар Арндејл. Објектот повторно ги отвори вратите, откако полицијата утврди дека е безбедно.
Во меѓувреме полицијата спроведе две апсења, од кои едното е поврзано со вчерашниот напад.
Полицијата соопшти на Твитер дека уапсила 23-годишен маж во јужниот дел на Манчестер во врска со вчерашниот терористички напад.
Најмалку 22 лица, меѓу кои и деца загинаа, а 59 беа ранети кога бомбаш самоубиец се крена во воздух додека илјада фанови ја напуштаа салата „Манчестер арена“ по концертот на американската пејачка Аријана Гранде.
Полицијата упаси и маж во трговскиот центар Арндејл, но ова апсење веројатно не е поврзано со синоќешниот напад.Голем број луѓе почнале да бегаат од објектот, а полицијата во Манчестер спроведе истрага во трговскиот центар Арндејл. Објектот повторно ги о

Пронајдете не на следниве мрежи: