Забите ги миеме рутински и не размислуваме дали го правиме тоа правилно. Еве каде најчесто грешиме.Одбираме тврди четки за заби…
А би теребало да избереме меки или екстра меки четкички, за да не ја оштетиме забната глеѓ, вели стоматологот Лина Паломо. Тврдите четки најчесто се наменети за чистење на забните протези, а не пририодните заби.
Премногу сме груби
„Доколку агресивно ги трииете забите со четкичка, дури и со онаа најмеката, можете да ги повредите непцињата и да ја оштетите забната глеѓ“, вели Алис Богозион од Американското стоматолошко здружение. Доколку правилно ги миете забите, игличките на четката не треба да се виткаат за време на миењето на забите, без никаков притисок.
Кратко ги миеме забите
За да ги измиеме доборо и темелно забите, потребно е процесот на миење на забите да трае околу 2 минути. Ретко кој се придржува кон ова правило, а од голема важност е одржавањето на хигиената на забите и устата.
Забораваме на јазикот
„На јазикот се собираат остатоци од бактерии од храна и пијалоци кои ги внесуваме“, објаснува стоматологот др. Стантон. Тие бактерии се шират низ устата, го зголемуваат ризикот од кариес, гингивитис (воспаление на непцата) и непријатен здив.
Кутии за четкичките
Многумина четкичките за заби ги чуваат во кутија, мислејќи дека на тој начин го спречуваат собирањето на бактерии. Всушност, така ја заробуваат во кутија со бактерии.Одбираме тврди четки за заби…
А би теребало да избереме меки или екстра меки четкички, за да не ја оштетиме забната глеѓ



